Ако преферирате минимализам – овој ентериер ќе Ве инспирира

12 март 2018

Минималистичката, скандинавска естетика на уредување на ентериерот сè уште е еден од најактуелните трендови во архитектурата и ентериерниот дизајн.

Доколку ја преферирате ваквата естетика надополнета со многу полици за книги и природна светлина, тогаш сигурно ќе Ви се допадне овој дом на брачен пар, лоциран во Сан Франциско.

Имено, резиденцијата насловена Sausalito Outlook ја проектирале дизајенрите од архитектонското студио Feldman Architecture, по желба на брачниот пар, кој изнел неколку клучни сегменти: ентериерот да има доминантно природна светлина, да биде поштеден од непотребни елементи и да има доволен број на полици за нивната богата библиотека.

Резултатот е чист, продорен, племенит простор кој зрачи со едноставност, во доминантно бела боја, со неколку впечатливи детали во јаки бои.

Воодушевувашкиот поглед низ огромните прозори, не треба да се коментира...

 

 

Објавено:
12 март 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
501 пати