Стилски водич за крупни и високи момци

19 ноември 2013

Припадничките на понежниот пол не се единствените кои имаат „проблеми“ со усогласување и пронаоѓање на вистинските кроеви и модели за нивната фигура. Таа „главоболка“ ја имаат и мажите. За да ви ја олесниме потрагата за вистинските прачиња облека денес ќе ви презентираме неколку совет кои се однесуваат главно на високите и крупните момци. За примери ќе земеме некои познати имиња.

 

 

За стилот на познатите покрај нив самите,се грижат и дизајнерите во соработка со нивните лични стилисти, па така можете да добиете целосна и точна слика за тоа како сами да направите неколку комбинации. Со мала напомена секако, целата визија да ја усогласите со тоа во што вие се чувствувате најудобно и со вашиот буџет. Како пример кај високите момци ќе го земеме Вил Смит, а претставник за оние покрупните ќе биде Џои Фатоне, кој ни е познат како член на мегапопуларната музичка група на 90-тите Ен Синг.

 

 

Водич за крупни момци

Доколку влегувате во оваа групација, тогаш прво нешто кое треба да го направите е да се прифатите таков каков што сте. Генерално момците многу не се грижат за својата фигура, како жените но сепак треба да се свесни за своите вишок килограми и да се чувствуваат удобно во својата кожа. Ако не сакате да ослабете, тогаш треба да се фокусирате на „маскирање“ на оние делови од телото кој ќе ви даде малку попропорционален изглед. Ова се однесува на областите околу вашиот стомак, задник и колкови.

 

 

 

Парчиња облека кои треба да ги имате во вашиот плакар се џемпери кои имаат горни копчиња и поло јаки под кои можете да носите маички но и кошули, темни фармерки, елеци, јакни, костими чии сакоа имаат странични отвори, темни бои, панталони кои на појасот имаат фалти, а напред по самата должина имаат рамен раб. Исто така треба да внимавате при изборот на мешавината на материјали и текстури кои ќе му дадат на вашето тело подобри пропорции.

 

 

Како што веќе напоменавме при избор на костими секогаш сакоата да ви бидат со странични отвори, а панталоните треба да имаат набори, т.е. фалти на појасот. Vented јакните ви дават простор вашиот задник да изгледа помал, а можат да ги носат сите мажи кои имаат широки колкови. Панталоните со фалти на појасот и рамен раб по должината ја истанчува вашата фигура, а ви додаваат и неколку сантими висина и создаваат оптичка илузија на видно послаба фигура. Сепак избегувајте да носите светли бои, бидејќи тие уште толку ќе ги истакнат вашите вишок килограми, секогаш одлучувајте се за потемни нијанси и тонови.

 

 

Водич за високи момци

Кај високите момци можеби е малку поедноставен изборот на модни парчиња. Кај нив при изборот на идеално парче е облека е во должината. Кошулите, палтата и панталоните обично им се кратки , па така мораат да купуваат облека во тие продавници каде имаа број за нив, односно соодветна должина која одговара на нивните раце или нозе или пак да шијат.

 

 

Вам идеално би ви прилегале кошули со вертикални риги, елеци, џемпери на раскопчување, рамни панталони, кошули кои се струкирани и сето тоа можете да го носите во која боја сакате. Особено светлите бои кои го нагласуваат и издолжуваат вашето и онака совршено торзо.

 

 

Голем број високи момци имаат непропорционален физикус од аспект на тоа дека имаат предолги нозе, а мало торзо. Доколку тоа е случај и со вас тогаш не носете премногу кратки јакни или кошули, но и да не бидат премногу долги, туку некаде максимум до средина на задникот. Мора да внимавате и кога носите слоевита гардероба, односно кошулата да не ви виси под џемперот, тоа е навистина невкусно, секогаш ставете ја кошулата во панталоните или фармерките па облечете го џемперот. Ова се однесува на оние џемпери со едно копче на вратот, вртена или  „W“ јака.

 

 

 

Еве една кратка листа за тоа што треба еден маж да поседува во својот плакар за да изгледа модерно и тренди, без разлика на својата фигура:

Темни фармерки.

Темен костим во темно сина, кафеава или црна боја.

Темна јакна во нијанса на тегет, чоколадно кафена или боја на вино.

Бела кошула

Маички, широка за крупните момци и струкирана за високите.

Темен квалитетен елек, кој може да се носи со костим, но и со фармерки и маичка во зависност од тоа за каква пригода се подготвувате.

Џемпер со копчиња на вратот за крупните со отворена јака и на раскопчување за високите момци.

И уште едно спортско палто кое ќе може да го комбинира со тренерки, кои нормално се задолжително модно парче во плакарот на секој маж.

 

 

Овие неколку ставки треба да го претставуваат јадрото на вашата гардероба и сите овие елементи треба внимателно да бидат приспособени, а тоа значи да внимавате на материјалите, боите и дезените, за да можете да ги комбинирате. Бидете внимателни кога купувате, секогаш имајте на ум што имате во вашиот плакар и како новото купено парче ќе се комбинира со веќе постоечката гардероба. Бидете џентлмен кој има неверојатно чувство за мода и градете уникатен стил кој ќе биде ваш препознатлив знак. Среќно!

Објавено:
19 ноември 2013
Категорија: 
Стории