Свилена марама: Купуваш еднаш-носиш засекогаш

21 ноември 2014

hermes_3110508a

Околу 1635 година, околу шест илјади војници стасаа во Париз како поддршка за францускиот крал Луј XIII, предводени од банот Едеди. Традиционалната облека со везени и насликани марами го привлекувала вниманието на францускиот дворец. Марамите биле изработени од различни материјали. Војниците најчесто носеле груби, а свилени и од фин памук носеле чиновниците.

Марамите какви што денес ги познаваме се појавиле во 19.век, како парче материјал што служи исклучиво за декор. Но, благодарение на модната куќа Ермес, од 1937 година, овој моден додаток стана синоним за дискретен луксуз, кој прави една целина со другите модни додатоци како чизми, накит, чантите.

lib_3110504a

Францускиот бренд секоја година комуницира со преку 100 креативци и 50 искусни хонорарци кои презентираат свежи идеи. На крајот, процесот на скенирање на принтовите, гравирање и боење на ткаенината  понекогаш знае да трае и 800 часа, пред да излезе производот во продажба.

Исто така, интересен факт е дека се потребни 15 килограми листови од бразилска капина за да се нахрани свилената буба, за да може да снесе доволно ларви за да може да се направи еден свилен Ермес шал.

Брендот има веќе развиен дел за марами и постојано го надоградува со различни мотиви – митологиски, тропски, колор шеми и слично. Почетната цена на 20 нови годишни дизајни и архивата од 2000 принтови е 310 фунти.

1_3111165a

За популарноста и моќта на ова модно парче говори и фактот дека одредени дами го сметаа за толку шик, што го носеа и на раце, а и како превез за рака. Одри Хепберн носеше марама околу шеширот. Освен интернет страна посебно за марами, Ермес сними и пролетен каталог со Карли Клос. На овој моден додаток не му одолеаја и многу други дизајнери меѓу кои и Миуча Прада, која ги вметна марамите во својата есенска колекција за 2014. Исто така и Раф Симонс за колекцијата пролет-лето 2013 за Диор ги искористи како моден додаток околу вратот на манекенките. А кога е модната писта во прашање, марамата е прв пат претставена во пролетно-летната колекција на Irera, која се инспирираше од големите светски патници - Кристофер Колумбо и капетан Кук.

2_3111210a

Денес, секои 25 секунди се продава по еден примерок од овој омилен моден украс во светот, а во текот на својата историја, се најде и на поштенски марки.

Свилената марама е и одличен подарок за жените – нежен, но сепак моќен и со доза на луксуз.

audrey_3110500a

-Кога носам свилена марама најмногу се чувствувам како жена, како прекрасна жена – изјави Одри Хепберн на времето. Нема причина да не веруваме дека и секоја друга жена би се почувствувала така.

4_3111347aSCARF1_3110520a

Објавено:
21 ноември 2014
Категорија: 
Стории