Тренч мантил + свилена марама на глава во стилот на Одри Хепберн, Џеки Кенеди, Софија Лорен

26 април 2021

За беспрекорниот стил на Џеки Кенеди, Одри Хепберн и Софија Лорен досега сме зборувале стотици пати. Самиот факт што комбинациите кои тие ги правеле во нивно време се актуелни и денес, претставува само печат на нивната безвременска естетика.

Една таква неодолива пролетна, дамска комбинација е и тренч мантилот и свилената марама на глава. Ако сте љубители на класиката, мантилот би бил некаква кремава или кафена нијанса, а марамата, пожелно да е со принт и ведри бои. Ставете ја на главата, па изврзете ја околу вратот и лицето како Одри и Софија или околу главата одзади како Џеки О.

Да ви ја олесниме потрагата, создадовме и комбинација од фантастичниот двобоен тренч мантил на Елена Лука и свилената марама со цветен принт па ги споивме со жолта чанта. 

Мантил 5.200 денари ● Марама 1.800 денари ● Чанта 3.400 денари 

Во продолжение, како дамите ширум светот денес ја носат оваа комбинација, а меѓу нив и Мирослава Дума и Џована Баталија.

Објавено:
26 април 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
483 пати