Текст од 1975: Зошто Југословените толку често оделе на шопинг во Трст?

27 април 2022

Низ медиумскиот простор наидовме на два текста кои зборуваат за популарноста на Трст како шопинг центар, во поранешна Југославија.

Едниот текст е од магазинот „Практична жена“ од 1975 година, додека другиот е од 1980 oбјавен во „РТВ ревија“.

За Југословените, Трст претставувал вистинска шопинг мека. 

Трст околу 1970-тите

„Не постои таа инфлација, тој скок на цени, тие црни вести за нерегуларноста на „бизнис патувањето“, тој податок за поскапувањето, да речеме на, италијанската конфекција, чевли, чанти, делови за автомобили, кои би можеле да ги предомислат југословенските потрошувачи да направат „мал излет“ во Трст“, започнува текстот на Нада Мијатовиќ од август 1975 година.

Таа вели дека во Трст, Југословените биле главни потрошувачи на конфекција, чевли, галантерија и козметика. 

„Оваа година се' е далеку поскапо отколку претходното лето. Има стока и тоа секојдневна, а не екслузивна, чии цени се двојно зголемени, а има и поместување на вредноста на штета на купувачот. Се' зависи што се бара и каде се бара, колку се има трпение, а можеби и среќа при обиколката на многубројните продавници“.

фото: cizerouno.it

И покрај сите факти за поскапувањето во Италија, на патникот му се наметнува наводно, парадоксален заклучок: во Трст ова лето може поволно да се пазари. Тоа пред се' се однесува на жените, кои во тамошните дуќани можат да се облечат неспоредливо поповолно отколку во било кој Југословенски град. И поубаво, покреативно, со повеќе вкус... Тоа звучи како „ерес“, како обвинение кон нашите трговци, произведувачи на конфекција и облека... Во секој случај, не е злонамерно, туку индикативно. Примерите ќе ја покажат оправданоста на обвинението“, пишува Мијатовиќ.

Таа додава дека голем број туристички агенции во Југославија, па дури и работните организации, од време-на време организирале кратки посети на Трст, обично од петок до недела. И додека дел се пасионирани купувачи,шопингхоличари, други ќе го поминат времето крстарејќи по Италија.

„Сепак, поголемиот дел го сочинуваат вистински купувачи, оние кои во Трст доаѓаат исклучиво за шопинг, без оглед дали купената роба ќе ја препродаваат или ја купуваат за нив. Трговците од Трст не можат да се пожалат дека југословенските купувачи ги изневериле, ниту пак дека нивните цени ги заплашиле, одбиле. Модна облека, тоа е она што жените најмногу го купуваат, навистина со пристапни цени, а се продава и во динари.

фото: Yugonostalgia/Facebook

Што се однесува до облеката - зборуваме исклучиво за женската - таа е многу привлечна. Убави, дезени со вкус, се карактеристични и за најевтините фустани, а кроевите се креативни. И тука веќе се наметнува првата споредба со нашите конфекционари – моделите од домашните летни фустани, кои патем речено, се несфатливо и недопустливо скапи – воглавно се стереотипни, досадни, еднообразни и без шарм.

На модно-конфекцискиот пазар во Трст, шармот е основна карактеристика. Фустаните кои верувале или не, читан најмногу 10.000 стари динари, а сигурно не се изработени од квалитетна свила, туку од материјал со краток век на траење, толку се убаво сошиени и толку имаат шик во нив, да ретко која жена може да им одолее. Дури и таа која претност му дава на квалитетот, со задоволство ќе направи макар една отстапка, за краткотрајна, но креативна облека.

фото: Yugonostalgia/Facebook

Здолништа има на килограми! Лесни здолништа во глох, супермодерни, во разни дезени – од цветни дезени, преку дискретни каро, до дезени со разнобојни риги.И овие здолништа, кои задолжително се поставени, се многу евтини. Во повеќето продавници со здолништата се продаваат и кожени ремени, вклучени во цената.

Модното „правило“ за оваа сезона вели дека со нив „одат“ памучни маици, последниот крик на модата, па и цената им е малку поскапа. Да бидам искрена, и нашите продавници во последно време се преплавени со памучни маици и тоа и поевтини од Трст, но со наједноставен крој и досадни, што со оние од Трст не е случај. Како и целата италијанска роба и овие маици се создавани со многу креативност и вкус. Конкурентите од другата страна на границата ги нудат сите можни пастелни нијанси – розови, сини и зелени. Посебно розовата и тоа онаа што ја нарекуваме „валкано розова“ во мода ова лето. Во нашите продавници такви -мислиме на боја- нема ни за лек. Зошто, тоа веројатно ни кофекциите не можат да објаснат.

А џинсот! Оние „избледени фармерки кои во продавниците на нашите соседи се продават по астрономски цени, нив најлесно и најдобро ќе ги купите на Понте Роса, без страв дека ќе ви биде „бутнат“ лош квалитет. Впрочем, и на штандовите на продавниците има различни фармерки, и по крој и по квалитет, но предноста на оние избледените е што не се собираат при перење“.

Најкупуваните фармерки: фото извор: zvono.eu

Овој „извештај“ од продавниците во Трст не би бил комплетен без да се опфати и понудата за чевли. А еве што Нада вели во понатамошниот текст:

„Нашите чевли се неудобни, непријателски настроени кон нозете. Во италијанските чевли чекорењето е вистинско задоволство. Обувките „Made in Italia“ немаат конкуренција в о светот, ниту кога е стилот во прашае, ниту пак удобноста. А цените... Тука веќе мора да сметате на поголем трошок, но и тој не го надминува оној што би го направиле и дома.

И чантите се прашање на среќа. Ако сте упорни во шетањето на продавниците и претрурањето по штандовите, сигурно ќе најдете модел кој ви се допаѓа, од кожа е, а не е скап. Оние од скај се уште поевтини, но создадени со толку естетска смисла, од материјал кој толку малку личи на „имитација“, а толку многу на вистинска кожа, што не би можеле да згрешите ако се определите за нив. Нашите чанти се од скај, а значително поскапи, за кожените и да не зборуваме, па би било грев да се вратите од Италија без овој задолжителен реквизит во женската гардероба.

На крајот, малку и за шминката која речиси и да нема жена која не ја интересира. Каде и да ја купите, а пред се’ во познати стоковни куќи како “Упим“ или „Коин“, за маскара, сенка за очи, пудра, крема за подлога, помада за раце, руж... ќе платите значително помалку отколку дома. За жал...

Како царинат аќе се постави кон овој бериќетен пазар – тоа е посебно прашање. По закон, купената стока која надминува одредена вредност, подлежи на царински трошоци. Но, сепак, се’ зависи од процената на царинарникот и неговото уверување дека навистина сте купувале само ситници за лична употреба или е купена за препродажба и заработувачка.“

Во текстот од 1980, Михајло Ќурчиќ вели дека во Трст, Југословените биле нарекувани балкански Американци. Римската „La Stampa“ пак, ќе го нарече Трст „Јадранскиот Хонг Конг“ и тоа без иронија.

На Универзитетот во Трст во 1980 бил отворен инстут кој се занимавал само со феноменот на југословенскиот купувач.

Професорот Џорџио Бако, со 20 свои научни соработници, во една студија од тоа време, покажува нешто што како вели новинарот, немало потреба ниту да се докажува: Југословените се единствени и незаменливи потрошувачи на италијанска стока.

Во текстот е наведен податок дека во 1979 година, Југословените во Трст оставиле речиси половина милијарда лири.Само во Трст – а каде се шопинзите во Солун или оние во Лондон, Париз, во стоковните куќи гиганти, каде Југословените навистина се однесуваат како Американци.

„Од две и пол милијарди долари кои Југословените ги потрошиле на патувања во странство, две третини се дадени во шопинг. Од каде таква шопинг-треска? Дали навистина понудата во нашите продавници е толку сиромашна? Купуваме од навика или од помодарство“, се вели во текстот.

Инаку, во тоа време и Југославија произведува свој џинс.

„Ли Купер“ се фармерки кои во Југославија се прозиведувале по стотина годишно, бидејќи немало доволно материјал.

Ако се прашуваат Југословените кои се директно инволвирани во текстилната индустрија во тоа време, ваквото трошење пари е воглавно помодарство, но признаваат дека италијанските парчиња се попривлечни за око.

Списокот на еден Југословен кој тргнал во Трст на шопинг изгледа вака:

Виетнамка; фото извор: zvono.eu

1.Фармерки „Super Rifle“ и јакна од истиот бренд

2. Летни маици и тогаш популарните елечиња

3. За зима – јакни „Виетнамки“, во зеленкаста нијанса

4. Последните пари се трошат на колонската вода „Brut“ и парфемот „Pino Silvestre#.

За жените пак, списокот е објаснет во текстот од „Практична жена“.

Трст, синоним за „поглед кон светот“, за желба за нешто ново, модерно, за живот во кој ќе се чувствувате комотно.

Не пречеле ниту седумчасовните чекања на граница, ризкот да не си го најдете автомоблиот или да ви ги земат сите работи на граница. Желбата да се тргне кон новото и непознатото била поголема од сè друго.

Трст денес

Трст – место каде што попрво ќе го сретнете соседот, отоколку во ходникот од зградата. Одамна го нема тој статус на шопинг град, па изгледа со распадот на Југославија и доаѓањето на капитализмот и шарените излози кај нас, згасна и златното доба на италијанското гратче, за кое многумина велеа дека е создадено за шопинг.

 

 фото извор: Yugopapir.com;  Index.hr;

Објавено:
27 април 2022
Категорија: 
Стории
Прочитано:
650 пати