„Ти само изгуби неколку сантиметри во колковите и ќе бидеш следниот топ модел!“

21 септември 2013

Поранешен топ модел од А – листата на светот му ја покажа вистинската слика на многу од светските топ модели. Таа храбро раскажа како завршила во болница со анорексија откако агентите и рекле дека е потребно да ослабе неколку сантиметри во колковите за да стане следниот светски топ модел.

Прекрасната Џорџина Вилкин се соочила со оваа суровост од нејзиниот агент на само 15 години кога за прв пат била откриена нејзината неверојатна убавина. По неколку месеци гладување, Вилкин веќе била на добар пат да заболи од анорексија на што нејзините агенти задоволно и честитале.

Она што и го кажале тие било дека е потребно да продоложи со тоа што го прави за да ослабе, бидејќи е на добар пат да успее во тоа. Некогаш исклучително позната и многу барана манекенка, Џорџина и го сврте грбот на модната индустрија пред неколку години кога сериозните нарушувања на здравјето поради лошата исхрана ја доведоа до болница.

„Кога мојот агент ме виде прв пат ми рече дека имам огромен потенцијал за да бидам неверојатен модел. Тој додаде уште и дека има само неколку работи за кои морам да бидам свесна ако сакам да успеам – ќе мора да намалам неколку сантиметри во колковите и да почнам да вежбам за да ослабам“, раскажува Џорџина.

Само шест месеци подоцна, 15 – годишната Џорџина почнала да работи како модел, но паралелно со тоа почнале и нејзините проблеми со анорексијата.

„После толку месеци работа, јас седев на подот во мојот стан и се уште не знаев каде се наоѓа супермаркетот! Кога почнав да работам, во договорот имав точна бројка на мерки на телото што не смеев да ги надминам“, вели Џорџина.

Таа раскажува дека една недела пред да се откаже од работата, нејзиниот агент ја пофалил и и рекол да продолжи со добрата работа. „Немав јадено скоро 48 часа. Не беше фер да му се каже на 15 годишно девојче дека треба да ослаби и да го намали обемот на телото“, вели Џорџина.

Прекрасната манекенка која има работено за Прада и други топ светски дизајнери, додава и дека потоа агентите воопшто и не сакале да ја вработуваат, сметајќи дека таа ќе им ја загрози нивната репутација.

Денеска, таа е здрава 23 годишна девојка која работи како личен асистент на директор во компанија во Лондон и работи за невладини организации во борба против анорексијата.

Објавено:
21 септември 2013
Категорија: 
Стории