Зошто модната индустрија обожава грди чевли?

14 јули 2016

„Грдото е атрактивно, грдото е возбудливо. Можеби затоа што е ново“, изјави Миуча Прада во едно интервју во 2013 за T magazine.

Чевли на Миуча Прада

Кога станува збор за чевлите, иако таа ќе рече дека грдото е атрактивно, тоа сепак, речиси секогаш потсетува на некои стари трендови на кои денеска не сакаме да се присетуваме.

Кензо

Но, тоа секогаш е прашање на вкус... Како што Биркенсток сандалите денеска се враќаат на голема врата, иако беа ултра популарни пред многу години, некои им се радуваат, а некои сѐ уште не можат да го сфатат нивното постоење.

Одговорите за тоа зошто модната индустрија е фасцинирана од грдите нешта, може да ги побарате токму во интервјуата на Миуча Прада и нејзиниот штитеник Џонатан Андерсон кои тоа толку добро го објаснуваат.

„Истражувањето на грдотијата за мене е многу поинтересна од онаа буржоазиска идеја за убавината. И грдотијата е човечка. Таа допира до лошата и нечиста страна на луѓето“, изјави еднаш Прада која беше меѓу првите која на пистата прикажа чудна спортска облека и чевли.

Во 1998 – та година таа го лансираше моделот на машки сандали со ремчиња од ластици за кои беше многу критикувана.

„Кога ќе се запознаам со нешто ново, секогаш велам дека е грдо бидејќи окото не ми е навикнато на тоа“, објаснува нејзиниот ученик Андерсон.

Покрај нивните објаснувања, никако не можеме да го заборавиме очигледното и она што е и повеќе од факт – удобноста!

Речиси сите грди чевли кои изминативе неколку години имавме можност да ги видиме низ колекциите на Селин, Луј Витон, Гучи, Прада и уште многу други, важат за особено удобни.

Ache Studios

Не постои некој кој не ги пофалил Birkenstock сандалите, удобните еспадрили од бројните познати брендови, гумените сандали или пак „crocks“ влечките кои се летен сојузник на многумина.

Модната инсајдерка Валери Стил во една дискусија за крзнените сандали на Селин ќе рече:

„Можеби Фиби Фило сакаше да направи една забавна и удобна алтернатива за сите оние високи потпетици кои се толку неудобни, а кои се насекаде околу нас“, изјави таа.

Таа додава дека додека потпетицата вели: „Одам во клубови во сабота навечер“, крзнените сандали на Селин велат: „Јас знам која е Фиби Фило, читам книги и ја сакам Џорџа О’ Киф“.

Опсесијата со грдите чевли наназад низ годините кои се едни од најмистериозните појави во модата, ја потврдува цикличната природа на модата – таа е круг во кој најмоќни се оние дизајнери кои ќе нѐ натераат повторно да размислиме за значењето на грдотијата и убавината.

А сосема на крај, тоа е и единствено важно...

Објавено:
14 јули 2016
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.163 пати