До втората половина на 20.век, Париз е единствената модна светска метропола, недостижен модел на сите останати. Сепак, во текот на 1960-ите, положбата на Париз како глобална модна престолнина беше занишана со презентациите на другите метрополи на таа позиција. Британката Мери Квант го воведе мини здолништето во широка употреба и со тоа му даде на Лондон мотив и народски кажано, ветер во грб.
Со поместувањето на фокусот на модната јавност од Париз на Лондон, а подоцна и на Њујорк, дојде и во поместување на трендот во облекувањето.
Од тој момент котур модата веќе ја немаше главната улога, модната индустрија се фокусираше на секојдневната облека, достапна и прикладна за сите. Овој пресврт беше пресуден за американската модна индустријаа, која тогаш ја зацврсти својата позиција во каприциозната модна сцена. Сепак, без оглед на тоа колку градовите, значајни во модна смисла, сенистакнаа во изминатите неколку десетлетија, ( а тука освен Лондон и Њујорк спаѓаат и Милано и Токио), тие како да останаа „жртви“ на расправата за улогата на Париз. Успеаја ли во целост да ја преземат неговата улога? Овие расправи најчесто завршуваат со заклучокот дека градот на светлината не е повеќе сам на врвот, но сепак е прв помеѓу еднаквите.
Американците и Британците неретко себе си се опишуваат и доживуваат како практични и природни, а во склад со тоа, низ годините се развиваше и нивниот моден израз. Модата на Њујорк се одликува со спортсска елеганција, кежуал начин на облекување и џинс. Лондон се истакнува по возбудливиот и по малку футуристички стил, додека кога ќе го споменете Париз, сите помислуваат на висока мода, самата срж на модната уметност. Честопати може да се слушне како таму во секоја улица, на секој чекор, дури и во воздухот е присутна модата. Генијалците како Сен Лоран, ниту на едно друго место на светот не би дошле до таков израз и не би биле славени како во Париз.
Лондон во последните неколку години цвета во модна смисла, а во 2011 година за промоција на британскиот дизајн многу придонесе и Кејт Мидлтон. На венчавката носеше венчаница од Сара Бартон, а секојдневно носи едноставни креации достапни на сите и неретко купува во познатиот британски high street дуќани. Во последно време голем број дизајнерски куќи меѓу кои и Бурбери, Мулбери, Стела Мекартни, Том Форд, Пол Смит, одлучија да ги сместат своите дизајнерски студија токму во Лондон, потврдувајќи ја уште еднаш инспиративната важност на овој град.
Интересно е да се забележи како севкупната атмосфера на сите три града влијаела и се пренела на нивните модни карактеристики. Париз и неговите жители се познати како романтични, театрални, а отсекогаш придавале големо значење на облекувањето. Тоа може да се забележи и денес, ако ги погледнеме креациите на француските модни куќи како Шанел, Диор, Луј Витон, Ермес и бројни други. Нивната облека дише со елеганција, класика и оддава порака како е важно во секој момент да изгледате елегантно.
Во Лондон правилата се нешто поинакви со оглед на тоа дека овој град воглавно се инспирира со музика, неоптеретени космополитски погледи на свет, па дури може да се каже и побуна против системот. Оваа инспирација многу добро се гледа во работата на Александар Меквин, Вивијан Вествуд, и останатите големи британски модни имиња. Лоднон го воведе рокенролот во модата, а вешто го проткаја и бохо стилот во шик и глам варијантите, кои секоја година се надоградуваат.
Њујорк е град што никој не спие, познат е по својата голема енергија. Во овој град акцентот е ставен на движењето, брзината, а во склад со тоа се разви и неговиот моден карактер. За Њујорчани е важно облеката да го прати темпото на нивниот живот, да биде удобна и практична, па не е чудо што меѓу најпопуларните дизајнери се Келвин Клајн, Ралф Лорен, Дона Каран. Нивната облека ги задоволува овие потреби.