Њујорк е главен град на глобалната мода

6 февруари 2014

Њујорк е најмодерниот град во светот, не според нас, туку според истражувањето спроведено од аналитичката компанија „ The Global Language Monitor“, која секоја година истражува и анализира кој град од светските модни метрополи се издвојува како најуникатен и продуктивен од моден аспект. За 2014-та година, Њујорк се „крунисува“ со ваква ласкава титула, која дополнително ги прави горди Американците за ова модно признание.

Њујорк Њујорк

За оваа година титулата од првото место ја предава Лондон, град кој во 2011 за прв пат беше на врвот како најпродуктивен од моден агол , а позицијата ја задржа и следната 2012 година. Сепак, за оваа 2014-та Лондон, се стационираше на третото место ,а француската модна престолнина се позиционираше на второто. Интересно е тоа што неизвесноста за тоа кој град ќе биде на пиедесталот, била до самиот крај на истражувањето, а разликата за првата позиција меѓу Њујорк и Париз била многу мала.

Париз Париз

Уште еден американски град се најде на оваа листа, Лос Анџелес е градот кој си обезбеди пласман на четвртото место, додека зад него се Барселона на петтата, потоа Рим и Берлин на седмата позиција. Њујорк, Париз, Лондон и Лос Анџелес  се топ четири најмодерните градови во светот. Изненадувачки, но Милано како модна престолнина оваа година не е меѓу првите „борбени“ редови. Американската аналитичка компанија, Рим го стави пред Милано кој во 2009 беше на врвот, а годинава заостана на 12-та позиција. Модната директорка на компанијата, Бека Пејак вели дека Њујорк без никакви привилегии заслужено го добил првото место во светот на модата и тоа според низа достојни аргументи и достигнувања.

 

Лондон Лондон

-Методите, дисциплината, производството и уште по креативниот пристап, заслужено го позиционираат Њујорк како главен град на модата за 2014-та година, вели Бека, која додава дека Париз е исто толку достоен колку и Њујорк и дека разликата во достигнувањата меѓу нив е мала.

 

Лос Анџелес Лос Анџелес

-Париз секако останува како еден од највлијателните градови за висока мода, која се разбира е неговото вековно наследство, и не само кутур, туку заслугата оди и за прет а порте категоријата, изјавува Бека.

 

Рим Рим

Од „ The Global Language Monitor“ соопштуваат дека оваа а и следните неколку години низ светот се засилува креативното модно пулсирање, а доказ за тоа се позициите од спроведеното истражување, според кое, на изненадување меѓу повисоките позиции ги рангираше Берлин, Сиднеј, Шангај и други градови низ светот.

 

Објавено:
6 февруари 2014
Категорија: 
Стории