Модна географија

15 јуни 2013

Благодарение на вниманието кое го предизвикуваат со својата посветеност кон модните трендови, организацијата на луксузни модни настани и  светските дизајнерски имиња, неколку влијателни држави ги диктираат глобалните модни текови и имаат доминантна улога во дефинирањето на светската модна сцена.

Соединетите Американски Држави

Поголемиот број на Американски модни куќи се лоцирани во Њуjорк , иако значителен број има и во Лос Анџелес , каде што се произведува голем процент од облеката од високата мода во САД. Исто така постојат растечки индустрии во Мајами , Чикаго а особено во Сан Франциско. Модниот дизајн во Америка доминира со јасен, урбан, лежерен стил одразувајќи го атлетскиот, здрав животен стил на американските граѓани. Креаторката Клер Мек Кардел помогна при воведувањето на трендот за дневна спортска блека во САД во текот на 1940 / 50 тите години. Многу од нејзините дизајни повторно беа вратени во мода во последните децении. Уште поголемо влијание врз изгледот на Американците имаа Келвин Клајн, Ралф Лорен, Вера Ванг, Ана Суи, Дона Каран, Том Форд, Лакван СмитКенет КолМарк Џејкобс, Тори Бурч, Ели Тахари, Мајкал Корс, Бетси Џонсон и Том Хилфигер.

 

Велика Британија 

Лондон долго време бил престолнина на модната индустрија во Обединетото Кралство и има голем избор на странски дизајни кои се вклопија со модерните Британски стилови. Типичниот Британски дизајн е елегантен , но во последно време стана невообичаен , спојувајќи ги традиционалните стилови со модерни техники. Помеѓу најзначајните модни креатори во Обединетото Кралство се : Бурбери,Пол СмитВивиен Вествуд , Стела Мек Картни, Џон Галијано, Џеспер Конран и Александар Мек Квин.

 

Франција

Повеќето Француски модни куќи се во Париз кој е престолнина на Француската мода. Традиционално , Француската мода е шик и модерна, дефинирана со префинетост, стил и елегантни модни додатоци. Помеѓу многубројните париски модни куќи се Балмен , Хермес, Луј Витон, Шанел, Ив Сен ЛоранКристијан ДиорЖиванши,  кои ги изложуваат своите изработки на дизајнерските колекции што се одржуваат двапати годишно. Иако Глобалниот Јазичен Монитор го пласираше Париз на трето место, после Милано и Њуjорк , Француската мода е меѓународно прифатена и градот останува симболичен дом на модата.

 

Италија

Милано е Италијанска престолнина на модата. Најголем дел од старите Италијански модни дизајнери се во Рим. Како и да е , Милано и Фиренца се престолнини на Италијанската мода и тоа се мeстa за изложба на своите колекции. Италијанската мода се карактеризира со лежерна елеганција и луксузни ткаенини. Првиот италијански луксузен бренд бил Фиренчанецот Салваторе Верагамо ( извезувал прекрасни рачно изработени чевли во САД уште во 1920 година ) кој е меѓу најпознатите ексклузивни модни имиња. Друг Фиренчанец - Гучи е најдобро продаван италијански моден бренд и трет најдобар во светот со остварени 7 158 милијарда долари од продажбата во светот. Други познати италијански модни креатори се Валентино Гаравани, Долче и Габана, Ботега Венета, Етро, Емилио Пучи, Роберто Кавали, Версаче, Џорџо Армани, Фенди, Борбонесе, Прада, Лоро Пиана, Библос , Алберта Ферети, Мошино, Ерменегилдо Зенга, Ла Перла , Агнона, Лаура Биагиоти, Ланчети, Ајсберг, Карло Пигнатели , Мила Шон, Роберта Ди Камерино, Солидеа, Крициа, С. Ник Баруа, Трусарди и Мисони. Иако Милано е национална и светска престолнина на модата, исто и РимФиренцаТурин, Неапол и Венеција се меѓународни престолнини и во нив има голем број на бутици од високата мода.

 

Јапонија

Повеќето јапонски модни куќи се лоцирани во Токио. Јапонскиот стил е слободен и неорганизиран ( како резултат на комплицирано кроење ) , боите се темни и суптилни, а матерјалите се со богата текстура. Познати јапонски дизајнери се Јоџи ЈамамотоКензо, Иси Мијаке ( маестрално правање на дипли и кроење ) и Ком Де Гарсон (Comme des Garsons) н на Реј Кавакубо кој разви нов начин на кроење (слично на иновациите на Меделин Вајонет во 1930-тите години).

Објавено:
15 јуни 2013
Категорија: 
Стории