Зошто жените носат фустани?

19 јуни 2013

Денес, постојат многу варијации и модели на фустанот, но сѐ започнува од старите Римјани. Тие носеле долен фустан, туника и горен фустан, кој ние го знаеме како тога. Но, доколку зборуваме за женствените изгледи на фустанот, тогаш историјата нѐ носи нешто понапред. Во градовите модните промени биле чести, но во руралните средини, се носи носијата, или народен фустан. Низ историјата се појавуваат фустани за секој ден, но и за свечени пригоди, кои биле пораскошни. Во минатото фустаните најчесто се изработувале од лен, јаже, памук, волна и свила. Сѐ до појавата на модерното доба, се носеле исклучиво долги фустани до под, или до глужд. Исто така, сѐ до почетокот на 1800 година, жените воопшто не носеле панталони, само фустани и здолништа. Со еманципација на жената и сексуалната револуција во 1960-тите, жените почнаа да носат панталони, сакајќи да ја покажат еднаквоста со мажите.

Во времето на барок се носеле отмени фустани со кринолини и корсети. Како што се менува времето, се менуваат и моделите, материјалите, кроевите. Тоа е парче облека што можете да го носите во секое место и во секоја пригода, секако прилагодено на потребите.

ЗОШТО Е ДОБРО ДА СЕ НОСИ ФУСТАН ВО ЛЕТО?

  • Затоа што не се лепи на вашата кожа
  • Не ја задржува топлината на кожата што би било случај со панталоните или фармерките
  • Економична е. Не бара дополнителни парчиња, како маици, блузи и сл. Сама по себе е доволна. А ако сакате да комбинирате, изборот е ваш. Но, ако се одлучите и само за фустан со сандали или еспадрили, ќе биде сосема доволно.
  • Секси е
  • Се соблекува брзо

Исто така, со текот на историјата се развиваат неколку видови фустани. Сите велат дека секоја жена мора да има еден мал црн фустан, кој го популаризираше Коко Шанел. Тоа е едноставен фустан над или до колена, и princes  крој за кој велат дека ѝ прилега на секоја жена без оглед на годините и градбата.

Коктел фустаните продразбираат должина до колена и нешто пократко. Можат да бидат луксузни и свечени, а можат да бидат и со едноставен крој и бои. Но, она што е заедничко за сите коктел фустани е тоа што не се долги и претерано раскошни, како вечерните тоалети, кои се носат само за одредени прилики. Листата ги вклучува и спортските фустани, како и војничките униформи и деловните.

Венчалниот фустан пак започнува да се популаризира во 1960-тите, и продолжува и до денес.

Објавено:
19 јуни 2013
Категорија: 
Стории