Звончица Вуцковиќ (55) е хрватска манекенка која има речиси 40 години кариера во оваа област. Иако сакала да биде балерина, со што и почнала да се занимава, висината ја попречила да стане професионалец во оваа област, но спонтано и наметнала друга професија, во која сосема ќе се пронајде.
Таа се обидела во манекенските води, и иако во почетокот и кажале дека не е за таа работа, Иза наскоро ги освојува пистите не само во Хрватска, туку и надвор.
-Неколку години откако започнав да се занимавам со манекенство, во Загреб од Париз дојде познатиот дански фотограф Гунар Ларсен. Бараше девојки кои ќе ги допочнат оние кои веќе ги земал со себе. Тука работеше и ревии и со него одевме на турнеја по поранешните држави на Југославија. Ме повика да отидам во Париз и да работам за него - се сеќава Вуцковиќ.
Така и започнува се... После Париз работи во Фиренца, Рим и Милано, Монтреал, Њујорк, па повторно се враќа во Монтреал, а последната станица пред враќањето во Загреб и била Фиренца, каде поминала дури 22 години. Пистите ги делела со Пет Кливледн, Наоми, Џери Хол, Линда Еванџечиста, Клаудија Шифер, Хелена Кристенсен, Кристи Турлингстон...
-Родителите беа извадени од кожа поради оваа одлука. Но, Ларсен им објасни дека ќе бидам во станот веднаш над неговото студио и дека постојано ќе бидам под контрола. Кога некој така ќе те стави во ред, потоа лесно возиш сам - вели Звончица.
Речиси и да не постои име со кое не соработувала во 1980-тите, според неа златните години. Алберто Ферети, Армани, Версаче, Енрико Цовери, Мошино се само дел од нив, а посебна улога во почетоците одиграла италијанската дизајнерка Енрика Масеи.
-Ме зема под свое. За неа работев се - шоурум ревии, реклами, и бев муза и по мене го правеа фитингот за ревиите - раскажува манекенката. Таа имала правилни пропорции, не била ниту премногу висока, ниту премногу ниска, а ниту преслаба. Но, била по малку темпераментна, специфична, како вели, ковчеста, шпицеста и носеста, па не било лесно да и се конкурира.
-Во тоа време манекенките беа многу високи, млади Американки, црвени коси, тоа беше почест... а јас за тогашната складна модна индустрија имав понекогаш неприфатливо раширени предни заби. Тоа не поминуваше, иако јас работев... Подоцна, кога ги средував забите, морав да ги спојам - вели Вуцковиќ.
Најдраги и биле ревиите на Мошин, за кој вели дека бил луд човек, склон кон менување на работите на чекор пред излегување на писта, а во сеќавање посебно и се врежала ревијата на висока мода во Рим во 1981 година.
-Ревија на столбови... Носевме многу долги фустани, се влечеа по подот. Се сеќавам дека се прашав самата дали ќе можам воопшто да стигнам до крајот- открива Ѕвончица.
Нејзината кариера имаше природна пауза од 10-тина години. Во 1987 година во Њујорк и се раѓа постарата ќерка Петра, а четири години после тоа во Фиренца се раѓа Гала. Во тоа време работела како agent buyer и понатаму била поврзана со модата. Но, кога косата добила седа нијанса, се почнало повторно да се загрева.
Сега е повторно во Загреб, и има многу ангажмани, а води и свој бизнис.
-Моделингот е хоби и радост. Ако ќе ме сакаат и со 60 или 70 години, немам ништо против. Мојата цел е да им покажам на жените дека можат добро да изгледаат и да имаат младешки дух со годините кои ги имаат - вели манекенката, додавајќи дека за убавината се заслужни гените.