После 25 години, Клаудија Шифер повторно на насловна на „Вог“ и тоа гола

23 август 2019

Германката Клаудија Шифер беше еден од ултра популарните модели во 80-тите и почетокот на 90-тите години. 

Потоа се посвети на работата како продуцент, но и семејниот живот. Од 2002 година е во брак со Метју Вон, со кого ги има три деца.

Шифер прифати да биде на насловната на актуелното издание на италијанскиот „Вог“. Интересно е што таа ја краси првата страница на ова издание на магазинот после цели 25 години.

1994

Уште поинтересно е што на истата се појавува речиси целосно гола. Моделот за два дена ќе го прослави 49. роденден, но со оваа фото-сесија покажа дека за неа времето застанало.

Иако на прагот од шестата деценија од животот, Шифер изгледа речиси идентично како во младите денови, а во контекст на тоа говорат и фотографиите во продолжение.

Инаку, освен Клаудија, августовското издание на „Вог-Италија“ го краси и Стефани Сејмор (51), во еднакво провокативна фото-сесија и со подеднакво одличен изглед.

„Концептот беше да се земе рамка од некои од најпознатите фото-сесии во судио на Хелмут Њутон, особено „автопортретите“. Теоретски, жените на овие фотографи на Њутон жените „сами ги прават нивните портрети во краток момент кога гледаат во себе во огледало . Идејата на мојата приказна еволуираше да се најдам во „чевлите на Њутон“ и во рефлексијата на огледалото, како ги фотографирам Клаудија и Стефани. Кога фотографираш жени како нив две, кои се буквално движечки лексикон на модна гестикулација во фотгорафијата, постојат работи што сакаат и не сакаат да ги направат. Не постои ниту една работа што ја гледате на овие фотографии која Клаудија не сакаше да ја направи - или ако не сакаше, ја менуваше“, вели Колиер Шор, кој додава дека соработката со Сејмор била подеднакво добра, бидејќи тоа е жена која знае да се носи со својот сексапил.

Уверете се и сами:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Claudia Schiffer (@claudiaschiffer) onAug 5, 2019 at 8:53am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Claudia Schiffer (@claudiaschiffer) onAug 4, 2019 at 9:24am PDT

 

фото извор: Instagram.com; Pinterest.com; gotceleb.com; thesun.co.uk; celebzz.com; dailymail.co.uk; gala.de; vogue.com; celebmafia.com; hawtcelebs.com; 

Објавено:
23 август 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
720 пати