Дискверд прославуваат 20 години кариера

17 јануари 2015

collage1

Модното дуо Дискверд вчера ја отвори машката модна недела во Милано. Со ревијата што ја прикажаа, тие всушност го одбележаа и својот јубилеј, 20 години во модната индустрија.

Ако судиме по колекција, која вклучуваше и неколку женски модели, следната есен-зима ќе се комбинираат џинсот и кожата. Добро проверена комбинација, што според ова модно дуо заслужува повторно да се најде во центарот на вниманието. Крзното е исто така неизоставен дел, најчесто имплементиран во модните додатоци и палтата, јакните, односно капутите.

 

Освен оној урбан дел, колекцијата содржи и елегантни парчиња, па така трендот на тесни панталони до глужд продолжува. Елеци со везена орнаментика, односно везени апликации на панталоните, се исто така нешто што Дин и Ден го препорачуваат како и тенките пеперушки.

Модниот бренд е познат по колоритноста, па таа иако овој пат не беше силно изразена, бидејќи се употребуваа стандарните бои за есен-зима како кафена, црна, бела, кариран дезен и слично, сепак дизајнерите вклучија неколку парчиња и со интензивна розова боја.

Дали ќе се одлучите за парче облека, како што е пинк капутот или јакната, или пак за парче каде розовата е моден детаљ, изборот е ваш, но важно е да се истакнете од толпата. Кога се модните додатоци во прашање, колекцијата комплетно е испратена од волуменозни крзнени капи и волнени шапки.

Создавајќи ја оваа модна приказна, дизајнерите одлучиле да опфатат повеќе стилови, но сепак да ја задржат урбаноста по која се препознатливи.

Инаку, за потсетување, Дин и Ден Катен од Онтарио , Канада, пристигнуваат во Италија во 1991 година, за во 1995-тата година ја претставуваат нивната прва машка колекција под името Dsquared2. Веќе следната година се дел од учесниците на Миланската модна недела.

Дин и Ден Дин и Ден

Од 2000-та па наваму, нивната кариера оди во нагорна линија. Во 2002-та година ја претставуваат првата женска капсулна колекција исто така во Милано, а пред тоа ги дизајнираат костимите за Мадона за видеото Don’t Tell Me.

Мадона во Дискверд Мадона во Дискверд

Во нивното портфолио спаѓа и соработката со Кристина Агилера, за нејзината светска турнеја во 2003, наградата La Kore за најдобри дизајнери истата година, по што следеа и други модни награди за најуспешен бренд. Истата година го направија и дизајнот на ексклузивна комеморативна патика за Олимписките игри во Атина во 2004. Тие ги дизајнираа и дресовите на Јувентус и Барселона,  во 2007 година ја создадоа и првата колекција на женски чевли. Во текот на овие 20 години отворија и бројни бутици и тоа во Капри, Киев, Истанбул, Хонг Конг, Кан, Сингапур, Париз, Токио, Кипар, Москва, Лос Анџелес, Миконос, Баку, Њујорк...

Дуќанот во Милано Дуќанот во Милано

Имајќи го предвд начинот на кој работат и како се развиваат, веруваме дека овој бренд и во следните 20 години ќе биде во самиот врв.

Во продолжение погледнете ја последната, роденденска колекција.

Објавено:
17 јануари 2015
Категорија: 
Колекции