Тренд аларм: Комбинација во земјени тонови

20 јануари 2015

stajling-20.01

Овој вторник драги дами носете топли, земјени тонови. Трендот на карираните парчиња продолжува, а ние токму денеска одбравме тегет карирана кошула и ја искомбиниравме со интересно здолниште кое го потенцира струкот. За да ја задржите топлината во ова зимско доба ви предлагаме маслинеста спортска јакна, поставена со вештачко крзно во внатрешноста.

Хулахопките на Ла Дама кои одлично се прилагодуваат во секоја комбинација и ги има во различна дебелина и боја ги препорачуваме и за овој спортски изглед. Нашиот денешен избор се оние во боја на кожа.

so-logo

А ако одиме по онаа старата, дека студот доаѓа од нозете, тогаш со Walkmaxx чизмите нема да имате таков проблем. За денес одбравме едни во белга боја, со кои не само што ќе ја зачувате топлината, туку и ќе чекорите правилно. 
Внатрешноста на ѓонот е направена од акрилни влакна; топлата изолирана внатрешност е прилагодена за да се чувствувате удобно.

Уживајте во новиот ден!

Објавено:
20 јануари 2015
Категорија: 
Тренд