Тренд аларм: Вистински зимски стајлинг за мажи

5 јануари 2015

Со оглед на ниските температури, кои по се' изгледа нема да не' напуштат наскоро, ние за урбаните мажи денес подготвивме еден вистински зимски стајлинг.

Дебел дуксер е едно од парчињата што треба да ги поседувате во зима. Токму еден таков, сив со натпис во предниот дел, ние искомбиниравме со темни фармерки и длабоки чевли со волна во внатрешноста, во кафена нијанса.

За уште потопла комбинација одбравме монтка во портокалова боја, што не само што ќе ве стопли, туку и ќе внесе свежина и радост во вашиот изглед. Не заборавајте на волнена капа, со сини и портокалови шари. Сега сте комплетно подготвени да се справите и со студот и со снегот! Уживајте во зимата!

Објавено:
5 јануари 2015
Категорија: 
Тренд