Тренд аларм: Џинс комбинезон за лежерен викенд

10 јануари 2015

stajling-10.01

Со оглед на тоа дека е викенд, ние оваа сабота за сите девојки кои планираат да го поминат во дружење со своите пријатели и драги луѓе, им предлагаме еден лежерен и урбан изглед. Карираната црно-бела кошула ја искомбиниравме со џинс-комбинезон. Чизмите до глужд на потпетица и со дебел ѓон се идеални за ова време, како и за било кое урбано или опуштено место во градот на кое сакате да си поминете убаво. Капутот со должина до колена е исто така со кариран дезен во тегет и бела боја, со што тегет ја сочинува основата. Имајќи го предвид студеното време надвор, не излегувајте без капа, а наш предлог е волнена во темносина боја.

so-logo

Она што ви преостанува е да се слшнете со драгите луѓе кои сакате да се видите и да го поминете овој викенд насмеани, опуштени и секако тренди.

Објавено:
10 јануари 2015
Категорија: 
Тренд