Тренд аларм: Спортско-елегантна машка комбинација

26 јануари 2015

trend alarma

Денешниот стајлинг го посветивме на мажи кои знаат што сакаат. За почетокот на работната недела ви предлагаме комбинација со која покрај тоа што ќе изгледате тренди и уредно, ќе се чувствувате и удобно во текот на работниот ден.

Нашиот предлог се темнокафени панталони во комбинација со џемпер во маслинесто зелена нијанса. Со оглед на тоа дека студеното време сè уште не нè напуштило, капут е задолжително парче, а овој пат се одлучивме тоа да биде црн капут со прав, спортско-елегантен крој.

За да се чувствувате удобно, освен облеката, важни се и чевлите. Нашиот предлог се длабоки спортско-елегантни чевли, кои одлично се совпаѓаат со модните додатоци – шалот со кафено-црни шари и кафено-сива чанта.

Не се сомневаме дека во оваа комбинација ќе се чувствувате топло и удобно, но истовремено и модерно и репрезентативно. Мажи, ви посакуваме успешна работна недела.

Објавено:
26 јануари 2015
Категорија: 
Тренд