Добро утро. Студеното време не не' напушта, па затоа ако имате потреба денеска да излезете, облечете се топло.

Нашиот предлог е да бидат тоа панталони, посебно се во тренд оние се шлиц во предниот дел на ногавицата во комбинација со топла блуза.

На сето тоа додадете долга јакна, во случајов е штепувана во металик кафена нијанса. Стајлингот е уште повпечатлив, а и женската фигура, благодарение на широкиот ремен.

Чевли, чанта, а ако се позимурливи и капа или беретка се модните додатоци со кои можете да го заокружите стајлингот.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
11 март 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
673 пати