Стајлинг на неделата #86: Шапка + крзно + пруги = добитна комбинација!

2 февруари 2015

Минатиот викенд се одржа Sundance филмскиот фестивал во Јута, а покрај одличните лежерни стајлинзи на актерите, можевме да видиме и шик улична мода.

Се чини, сите посетители на фестивалот слободното време го користат да прошетаат низ прекрасното планинско место во Јута, Park City.

Токму од таму, издвоивме една исклучително тренди девојка која за нејзината комбинација спои неколку сосема различни парчиња што сепак изгледаа толку добро.

Највпечатливото парче од нејзината комбинација дефинитивно беше кафената бунда од еко крзно што таа се одлучи да ја облече врз кожената јакна, со што предложи еден сосема поинаков шик тренд.

Остатокот од комбинацијата се состоеше од бела кошула со јака, врз која таа одбра памучна блузичка со пруги и бели тесни панталони. Целата комбинација ја надогради со модерна и впечатлива шапка во нежна сива боја со кафена трака.

Иако сосема спротивно од целата комбинација, девојката изгледаше ултра тренди со кафените урбани чизмички до глужд што ги комбинираше со чанта во иста боја.

Совршена слоевита комбинација за студените зимски денови!

Објавено:
2 февруари 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот