Ријана пливаше со ајкули
„Убиствена мода“, е мотото на мартовското издание на модниот магазин Харперс Базар на чија насловна е „убиствената“ модна икона Ријана.
За приказната да биде комплетна и буквално да се оправда нејзиното мото, Ријана снимаше едиторијал за кој се соочи со смртоносните водни предатори, ајкулите.
Тотално фенси, облечена во бикини и костими за капење потпишани од Шанел, Балман, Барбери, Муглер, Рири го освојува дури и теренот надвор од нејзината комфорна зона. Целата авантирустичка, но истовремено и опасна приказна, преку фотографија ја раскажа Норман Џин Рој.
Објавено:
6 февруари 2015