Доколку сте љубител на органската, природна козметика, или пак сакате да дознаете за нејзините благодети, младата фармацевтка Ирина Велевска ќе ви го овозможи тоа, преку нејзиниот бренд „Омега Рисрч“.
Во населбата Драчево, вчеравечер беше отворен изложбениот салон, каде можете да се информирате за сите производи, кои ќе ви помогнат како во негата на вашата кожа, така и со кожните проблеми со кои можеби се соочувате.
-Би сакала луѓето да бидат информирани и да ја засакаат органската козметика, бидејќи првенствено е побезбедна. Кожата е најголемиот орган кај човекот и тоа што го ставаме на неа го впива, оди во циркулација. За разлика од хемиските козметички производи, оваа raw козметика содржи природни состојки, етерични масла, хранливи материи, кои директно се впиваат во кожата и ѝ користат – изјави Велевска.
Во присуство на пријатели, соработници и блиски луѓе, Ирина не ја криеше возбудата за нејзиниот проект, за кој искрено се надева дека ќе допре до луѓето.
- Никогаш не оставаме лагери со количини, затоа немаме потреба од конзерванси и петрохемиски соединенија. Кога ги правев производите, најважно ми беше и ми е мислењето на луѓето после употребата. Сакам да ми кажат доколку нешто не им се допаѓа, за да можам да го поправам, бидејќи една формулација не е никогаш конечна, секогаш може подобро – искрена е Ирина.
За сега нејзините производи се групирани во неколку колекции, во зависност од типот на кожата, па така има chocolate bodylicious –колекција за сува кожа, tea and herbal oils-колекција за чувствителна и проблематична кожа, honey, cereals and herbs – колекција за масна кожа, fruit smooty- колекција за витаминска потхрана на кожата.
Инаку, во наредниот период од „Омега Рисрч“ се очекуваат и нови производи и колекции – тврди сапуни, цветна колекција, антицелулитна колекција, колекција за деца и приоритетно органска козметика за мажи.
Производите наскоро ќе бидат достапни во повеќе аптеки и веледрогерии.
Во продолжение погледнете дел од атмосферата од вчерашното отворање: