Кога синот ја стилизира мајка си...

12 февруари 2015

Доколку само на еден ден им дозволите на вашите деца да ви помогнат при одбирањето на комбинациите, можете многу пријатно да се изненадите!

Актерката и блогерка Самер Белеза му дозволи на нејзиниот тригодишен син да и одбере комбинации што таа вообичаено ги носи во текот на една цела недела.

Иако во неколку наврати ќе забележите неколку нелогични стајлинзи, како на пример двете различни чевли, но сепак слични по принтовите, мора да признаеме дека малото момченце има сосема добар вкус.

„Мајчинството на крајот на денот се состои во тоа да им кажувате на вашите деца како да се однесуваат и што да прават. Многу беше интересно тоа што една недела ги смениме улогите со мојот син, барем во поглед на изборот на облеката. Тој уживаше додека јас го слушав сето она што тој имаше да го каже, иако беше само во однос на изборот на парчиња облека“, вели Самер.

Нејзиниот син направил неколку навистина интересни комбинации во кои можеме да видиме повеќе боја и интересни принтови како неговиот омилен Мики Маус, но и слатки парчиња за кои никогаш не би рекле дека изгледаат толку шик заедно.

Ова е навистина одлична идеја што топло во препорачуваме да ја примените!

Објавено:
12 февруари 2015
Категорија: 
Направи сам