Што да облечете денес?

16 февруари 2015

И овој понеделник го започнуваме со прекрасно сонце и повисоки температури, па токму затоа време е за вашите омилени фустанчиња! Денеска носиме едно топло во сива боја и го комбинираме со волуменозен џемпер во темно црвена боја. Бидејќи денеска нѐ дочека сосема суво време, соодветни за оваа комбинација се и вашите оксвордки кои толку долго чекаа сонце. Комбинацијата украсете ја со шик чорапчиња до колената во крем боја и интересна ретро чантичка што одлично ќе се вклопи во стајлингот. Што се однесува до модните додатоци, денеска ви е доволен само овој кафен часовник.

Со шолја кафе, започнете го овој прекрасен, сончев понеделник!

Објавено:
16 февруари 2015
Категорија: 
Тренд