Материјалната девојка го освои Лондон

11 јули 2013

Родена е во Косово, но Лондон е дефинитивно нејзиниот омилен град. Актуелната пејачка Рита Ора во улога на турист позира на лондонските улици, претставувајќи ги најзначајните обележја на овој магичен град. Причината е новата кампања за модната линија „Материјална девојка“ која е под креативно водство на ќерката на поп иконата Мадона.

 

 

Интересен е фактот дека првенствено улогата на Материјална девојка беше наменета за Ријана, со која Мадона и нејзината 16 годишна ќерка Лурдес, остварија соработка во мај. Но, во меѓувреме се појавија шпекулации дека хонорарот кој го побарала Ријана бил многу дебел, па затоа, соработката е откажана.

 

 

Се чини дека идејата за да се направи еден ваков „Tour di London“ е фасцинантна и многу оригинална. Мотото е оваа материјална девојка да биде повеќе од само обична, да зрачи со самодоверба, да биде инспирирана од слободата на духот кој го поседува, и да знае да се изрази себе во вистинско светло. Ора прави и повеќе од тоа, таа позира пред „Лондонското Око“, Зградата на Парламентот,  црвената телефонска говорница, Бакингемската палата, пред вратите на „Green Park“ и вози автобус со отворени врати.

 

 

Ора која во своите тинејџерски години беше заштитно лице на брендот Jay-Z Roc Nation, несомнено после оваа соработка, ќе се искачи неколку скалила повисоко на професионално поле и ќе знае како да ја искористи наклонетоста на најголемата поп икона на сите времиња.

 

 

Ова се ексклузивно дел од сликите на кампањата:

 

 

 

Објавено:
11 јули 2013
Категорија: 
Колекции