Трендови за убавина по терк на славните поп ѕвезди

15 август 2013

Кога си поп ѕвезда, за тебе е се дозволено. Не постои нешто кое е од материјална природа , а ти не можеш да го добиеш. Кога се трендовите во прашање холивудските ѕвезди имаат цела една плејада на луѓе кои се грижат за нивниот стил, шминка и фризура. Направивме мала селекција на трендовите за убавина за кои се одлучија некои од најпознатите ѕвезди во модната и музичката индустрија.

 

Мајли Сајрус

 

Мајли Сајрус, со својата кратка пикси фризура изгледа неверојатно секси. Стилот на „татина ќерка“ отиде во аут. Мајли прерасна во вистинска девојка. Покрај кратењето на косата, таа својата појава ја засили со џиш црвен кармин, порцелански тен и панк-рок модни додатоци. Навистина полн погодок.

 

Пинк

 

Пинк е позната по своите луди модни креации и откачен стил кој секогаш ја нагласува нејзината дива страна. Но овој пат изненади. Носејќи розова маичка на прерамки, со кратки кадрици и панделка која ја красеше нејзината кратка коса, со минимална шминка изгледа многу едноставно, женствено па дури и слатко. Позитивна промена, да видиме до кога ќе потрае.

 

Ријана

 

Ријана на крај се соголе себе си. Во када полна со вода без ниту грам шминка, со бричена глава од едната страна, акцентрајќи ги нејзините преубави зелени очи изгледа како сите бродови да и потонале. Одлична визија која таа совршено ја одглуми во новиот спот. Би можела почесто да го практикува минималистичкиот стил  на шминкање, бидејќи одлично и стои.

 

Рита Ора

 

Рита Ора, лавица и кралица, инспирацијата и е од 1980-тите, а мотивот го црпи од ликот и делото на Енди Ворхол. Единствена, оригинална, русокоса, со црвен кармин и нагласен поглед. Би можела да биде нова модерна верзија на Мерилин Монро.

 

Селена Гомез

 

И за крај, Селена Гомез, пејачка која тинејџерките ја обожуваат. Несомнено Барби стилот е нејзиниот омилен. Долга коса, исправена или навиткана. Не многу јака шминка но доволна да го нагласи нејзиниот тен и лице. Слатка и мила се епитети кои ја красат нејзината биографија. Да видиме дали после неколку години ќе и здодее да биде пластична кукла.

 

 

 

Објавено:
15 август 2013
Категорија: 
Убавина