Што да облечете денес?

20 февруари 2015

Конечно дојде петок! По тој повод, денеска ви предлагаме една сосема романтична комбинација составена од неколку прекрасни парчиња. Иако сѐ уште не е многу топло, барем денеска, одберете кусо здолниште од вашиот плакар и комбинирајте го со подебели хулахопки. Денешниот фокус на комбинацијата е целосно ставен на топлите џемпери, па така, носиме еден бел и го комбинираме со подебел во темно зелена боја на копчиња. Модните додатоци денеска се составени од црна шик шапка, карирано шалче и мини модерно ранче. Што се однесува до обувките, одберете рамни чевлички со впечатливи украси.

Уживајте во последниот ден од работната недела!

Објавено:
20 февруари 2015
Категорија: 
Тренд