Бели фустани, многу емоции и гол Нил Патрик на Оскари 2015

23 февруари 2015

Дождот на 87-то издание на Оскарите не го намали сјајот на оваа манифестација, како на црвениот килим, така и во Долби Театарот. Првиот дел од манифестацијата е посветен на црвениот килим, додека вториот на наградите.

Белата боја доминантна на црвениот килим

И оваа година црвениот килим беше вистински моден натпревар. Генералниот впечаток е дека повеќето дами се одлучија за тоалети во светли нијанси. Дел од модните критичари се пошегуваа дека на црвениот килим имаме можност да видиме 50 нијанси на беж.  Кај мажите, секако доминираа црните одела. Речиси на самиот почеток вниманието кон себе го свртеа Мелани Грифит и нејзината ќерка Дакота Џонсон, ѕвездата на филмот „50 нијанси на сива“. Црвената тоалета од модната куќа Сен Лоран што ја носеше Дакота, беше вистински избор со оглед на пофалбите од критичарите.

2015 2000

2015

Со својата појава воодушевија и Џенифер Лопез, која овој пат му откажа љубов на Зухаир Мурад, и одбра креација од најновата колекција на Ели Сааб. Либанскиот креатор беше и изборот на Ема Стоун.

Џенифер Лопез во Ели Сааб

Ема Стоун во Ели Сааб

Една од фаворитките за Оскари, Џулијан Мур  се појави во креација на Шанел, која Карл Лагерфелд ја изработил посебно за неа. Фустанот од органза е украсен со преку 80 илјади рачно боени цветови и украси од истиот материјал, како и монистра, а во неговата  изработка учествувале 27 луѓе, а биле потребни 987 часа.

Џулијан Мур во Шанел

Скарлет Јохансон го одзема здивот во зелената тоалета на Версаче, додека беспрекорната Кетј Бланшет се одлучи за едноставна црна тоалета и впечатлив накит, па така уште еднаш потврди дека нема грешка во модните избори.

Скарлет Јохансон во Версаче

Кејт Бланшет во фустан на Maison Margiela Couture

Оние за кои се полемизираше беа креациите на Лупита Нјонго, Кери Вашингтон и секако Лејди Гага, која се појави во гламурозна бела тоалета и црвени ракавици, што многумина ги потсетија на оние гумени за чистење или миење садови. Но кога е Лејди Гага во прашање, ова е можеби и „најблагото“ нејзино издание.

Лејди Гага Лејди Гага во креација на Alaia Azzedine работена 1600 часа

Инаку, повеќето актерки го изразија своето незадоволство од преголемото посветување на модата на оваа манифестација, во конктекст на тоа дека единственото прашање што им се поставува е: Чија креација носите?

Годинешните Оскаровци се...

Ако мислевте дека минатогодишното селфи на Елен Деџенерис тешко може да се надмине, на Нил Патрик тоа му успеа со само едно соблекување. Сите зборуваат за тоа. Актерот се трудеше да ги оправда очекувањата на публиката,како и на ѕвездите, а судејќи по нивните лица и не успеа да биде на нивото на кое се очекуваше. Сепак, шоуто генерално, уште еднаш успеа да ги освои симпатиите на љубителите на оваа манифестација, сепак постои една генерална критика кон годинешното издание, а оди во насока на тоа дека ниту еден Афрo-американец нема меѓу номинираните.

Кога се наградите во прашање, првиот Оскар го додели Лупита Нјонго за најдобра споредна машка улога, кој отиде во рацете на Џ.К Симонс за филмот Whiplash.

Дакота Џонсон го најави Адам Левин кој ја отпеа песната Lost Stars, направена за филмот Begin Again, а номинирана за најдобра оригинална песна, категорија во која Оскарот отиде за песната Glory, од филмот Selma.

Џенифер Лопез и Крис Пајн го прогласија победникот во категоријата најдобра костимографија, а Оскарот отиде за костимографијата на The Grand Budapest Hotel, како и оној за најдобра шминка и фризура, кого го соопшти Рис Витерспун.

Никол Кидман го додели Оскарот за најдобар филм од не-англиско потекло, а тоа е полското остварување Ida. Оскар за најдобар краток филм пак, отиде кај The Phone Call, додека најдобар краток документарен филм е Crisis Hotline: Veterans Press 1.

Уште еден Оскар за The Grand Budapest Hotel, овој пат за најдобар продукциски дизајн. Оскарот за најдобар директор на фотографија го доби Емануел Лубецки за филмот Birdman.

Оскарот за најдобри монтажни звуци отиде за филмот American Sniper, додека најдобри визуелни ефекти има филмот Interstellar.

Патриша Аркет се закити со Оскарот за најдобра споредна женска улога во филмот Boyhood, која говорот го посвети на еднаквите права на жените и против нивното насилство.

-Време е за нас! Еднакво значи еднакво - рече Патриша, а нејзиниот говор наиде на големо воодушевување, аплаузи и овации од страна на колегите. Веројатно тоа ќе биде еден од оние говори што ќе се повторуваат и паметат.

Оскар за најдобар краток анимиран филм оди кај филмот Feast, а најдобар долгометражен анимиран филм е Big Hero 6.

Инаку, вкупната заработувачка од 8-те филма номинирани за Оскарот за најдобар филм досега изнесува 600 милиони долари.

Едни од најемотивните моменти беше потсетувањето на ѕвездите што не се веќе меѓу живите, како и изведбата на нумерата од филмот Selma, Glory.

Александар Десплат е добитникот на Оскар за музиката во филмот Imitation Game. Најдобро оригинално сценарио има остварувањето Birdman додека најдобро адаптирано сценарио има Imitation Game.

Оскарот за најдобар режисер го соопшти Бен Афлек, а отиде во рацете на Алехандро Ињариту, првиот Мексиканец номиниран за оваа награда, за филмот  Birdman.

Најдобар актер според Академијата е младиот Еди Редмејн, за улогата на Стивен Хокинг, во филмот Theory of everything, кој не можеше да ја сокрие возбудата, а и оправдано.

Во категоријата пак, најдобра женска актерка, Оскарот отиде во рацете на фаворитката Џулијан Мур. После пет номинации, актерката конечно го доби својот прв и заслужен Оскар.

И на крајот, двојниот оскаровец, Шон Пен, го прогласи и најочекуваниот Оскар, за најдобар филм на годината кој му припадна на остварувањето Birdman.

Годинешното издание на Оскар се пренесуваше во преку 225 држави во светот.

 

Објавено:
23 февруари 2015
Категорија: 
Сцена