Британските актерки воодушевија на годинешните Critics’ Choice Awards

16 јануари 2015

Годинешните Critics’ Choice Awards дефинитивно беа исклучително забавни за гледање.

Водителското место оваа година му припадна на американскиот спортист Мајкл Страхан кој ја отвори вечерта на награди во куси тесни панталони и палто на што публиката реагираше со громогласен аплауз со што одлуката на организацијата се покажа како сосема исправна.

Синиот килим пред Холивуд Паладиум театарот го исполнија некои од најголемите ѕвезди на денешницата во совршени изданија, со што ја најавија модата во која ќе уживаме на годинешните Оскари.

Најголем впечаток дефинитивно оставија прекрасните Британки кои одбраа раскошни тоалети во прекрасни бои.

Емили Блант, Розамунд Пајк, Кира Најтли и Фелисити Џонс беа девојките кои се најдоа на врвот на најдобро облечени на годинешните Critics’ Choice Awards.

Емили Блант Емили Блант

Бремената Кира Најтли се појави во нежно сина ретро тоалета со раскошни украси во горниот дел од ресортот на одличните Делпозо. Иако и таа беше номинирана во категоријата за најдобра споредна улога за одличниот The Imitation Game, наградата ја освои нејзината колешка Патриша Аркет за улогата во филмот Boyhood.

Новата мајка Розамунд Пајк на синиот килим се појави во целосно бела креација на Валентино со што уште еднаш ја покажа нејзината совршена пост – породилна фигура.

Ѕвездата на филмот Into the Woods, Емили Блант изгледаше неверојатно во долга црвена тоалета со рачно извезени апликации по површината од колекцијата на Емилио Пучи. Прекрасната британска актерка ја освои наградата за најдобра женска улога во акционен филм за хитот Edge of tomorrow.

Една од највпечатливите на наградите дефинитивно беше и секогаш раскошната Анџелина Џоли која на доделувањето се појави без нејзиниот сопруг Бред Пит. Вчеравечер, таа се одлучи за сребрена Версаче тоалета со отворен грб во која изгледаше неверојатно софистицирано.

Анџелина Џоли и Итан Хоук Анџелина Џоли и Итан Хоук

Иако таа беше номинирана во категоријата за најдобар режисер за нејзиниот Unbroken, но наградата ја освои Ричард Лајнклејтер за фаворитот Boyhood.

Вистинска дива во црвено беше секогаш позитивната Џенифер Анистон која се одлучи за целосно црвен женски костим со длабоко деколте. Изгледот таа го украси со шик накит, едноставна шминка и фризура и темно црвени потпетици.

Една од младите ѕвезди на Холивуд дефинитивно е ултра талентираната Фелисити Џоунс која овој пат одбра фантастична црна транспарентна тоалета од ресортот на Долче и Габана.

Кога говориме за црните креации на синиот килим, никако не смееме да ја заборавиме и неповторливата Џулијан Мур која изгледаше како вистинска дива во долга црна тоалета со транспарентен дел дело на одличните Сен Лоран. Таа одржа и одличен говор кога се качи на сцената да ја прими наградата за најдобра актерка во Still Alice.

Вистинска божица во бело беше француската актерка Марион Котилард која сосема нормално, за оваа пригода одбра Диор тоалета со интересен крој во која изгледаше неверојатно нежно.

Во продолжение во галеријата, можете да ги погледнете сите прекрасни девојки кои вистински воодушевија вчеравечер на Critics’ Choice Awards, но и некои од мажите кои во нивните елегантни, црни смокинзи оставија одличен впечаток.

Дајан Кругер беше една од најдобро облечените ѕвезди Дајан Кругер беше една од најдобро облечените ѕвезди

Секако, погледнете ја и листата на сите оние на кои им беше оддадена особена чест со едни од најважните награди во филмскиот свет.

Најголемиот дел од актерите одбраа црно - бели смокинзи Најголемиот дел од актерите одбраа црно - бели смокинзи

Најдобар филм – Boyhood

Најдобар режисер – Ричард Лајнклејтер

Најдобар актер – Мајкл Китон Birdman

Најдобра актерка – Џулијан Мур Still Alice

Најдобро сценарио – Birdman

Најдобар актер во споредна улога – Џ.К Симонс Whiplash

Најдобра актерка во споредна улога – Патриша Аркет Boyhood

Најдобар анимиран филм – The lego movie

Најдобра комедија – The Grand Budapest Hotel

Најдобра млада актерка/актер – Елар Колтрејн Boyhood

Најдобра акција – Guardians of the Galaxy

Најдобра песна од филм - Glory – Common/John Legend – Selma

Најдобра костимографија – The Grand Budapest Hotel

Најдобар странски филм - Force Majeure

Најдобри визуелни ефекти - Dawn of the Planet of the Apes

Објавено:
16 јануари 2015
Категорија: 
Сцена