Critics’ Choice Awards: ТВ ѕвездите го преплавија црвениот килим со одлични тоалети!

20 јуни 2014

Како што и се очекуваше, веќе култната „Breaking Bad“ ја освои наградата за најдобра ТВ серија на годинешното доделување на Critics’ Choice Awards за 2014 година.

Популарната „Orange is the new black“ пак, сосема заслужено ја освои највисоката награда во категоријата комична серија, а екипата од ТВ филмот „The normal heart“ дома си замина со награда за најдобар филм.

Во категоријата најдобра мини – серија победи одличната „Fargo“ на Ноа Хоули, а за најдобар актер пак беше прогласен неверојатниот Метју Меконахи за улогата во серијата „True Detective“.

Што се однесува до црвениот килим, вчеравечер бевме сведоци на навистина посебни изданија на ТВ актерките и секако, нивните посилни половини.

Најголем впечаток остави неверојатната Дајан Кругер која на црвениот килим се појави во неверојатна тоалета од колекцијата на Ели Саб, додека нејзината колешка и пријателка Кери Расел се одлучи за одлична креација во сирена крој со длабоко деколте од ресортот на J.Mendel.

На црвениот килим вчеравечер воздишки крадеше и ѕвездата на комичната серија „Trophy Wife“- малиот Аберт Цај кој се појави во пресладок мини смокинг со неговата препознатлива насмевка како најслаткиот негов аксесоар.

Во продолжение, погледнете ги вашите омилени актери од во моментов најактуелните ТВ серии во сосема поинакви, гламурозни изданија.

Објавено:
20 јуни 2014
Категорија: 
Сцена