Денеска во Метрополис Арената во рамките на Скопски саем старуваше дванаесеттиот по ред саем на градежништво, градежни материјали и механизација како и петтиот по ред саем за недвижности.
Посетителите веќе од денеска, па се до 7-ми март ќе имаат можност да ја разгледаат огромната понуда од над 3000 станови и да ја одберат најповолната за себе.
Помеѓу големиот број градежни компании и изложувачи, компанијата Elena Luka Home на изложбен простор од 50м2 ќе им посака добредојде на своите посетители и ќе ги запознае со сите актуелни проекти и новитети, а ќе им одговори и на сите прашања.
„Едниот обејкт е во завршна фаза и неговото официјално предавање во употреба го очекуваме во третиот квартал од оваа година, а во меѓувреме на огромно задоволство на нашите клиенти ќе започнеме со изградба на новиот објект. Elena luka Home го надмина стравот од фантазирањето и создава домови каде што семејствата ќе можат да ја развиваат својата среќа. Ние ги слушнавме Вашите барања и затоа креираме токму такви домови за да ги задоволат Вашите вкусови“, велат од тимот на Elena Luka Home.
За време на саемот ќе се одржат и програмски активности на теми поврзани со енергетиска ефикасност и фасадни системи и еко иновативни материјали, како и предавање на тема „Концепти и проекти во архитектурата“.