Уникатна модна приказна од спој на различни професии

4 март 2015

Младата дизајнерка Евгенија Зафировска досега во повеќе наврати ни го покажа својот талент и потенцијал и преку своите креации, како и преку медиумската застапеност и соработки надвор од државава.

Поводот за нашиот разговор беше една нова фотосесија, во која дизајнерката обедини неколку гранки од модниот свет. Нејзини креации носат шминкерката Ангела Стојоска, модните блогерки Дани Ѓуровска и Александра Трпеска од ДНА и Сара Коцевска од „Зачувај момент“, а го искористивме моментот да поразговараме на повеќе теми.

-Соработката со Ангела, ДНА и Сара Коцевска дојде сосема случајно. Предложив  да направиме  фотосесија во Скопје со девојки од различни занимања. Со Ангела се знаеме одамна. Ја следам во нејзината работа и многу ми се допаѓа нејзиниот стил.  Девојките од ДНА присуствуваа на мојата изложба во „Концепт 37“ минатиот месец и таму се запознавме. Ми се допадна нивната спонтаност,креативност, шарм, начинот на кој се надополнуваат. За Сара Коцевска имав слушнато само убави зборови, а во тоа се уверив и во текот на соработката. Лично сакам да соработувам со луѓе од различни  профили, бидејќи   уметноста се „преклопува“ на многу полиња, кои што ние треба само да ги споиме – вели Евгенија.

Евгенија Зафировска Евгенија Зафировска

Токму тој сплет бил инспирација и поттик и за Ангела.

- Интересен беше сплетот од нашите професии. Со Евгенија се познаваме одамна, па на случајна средба излезе да се споиме. Сакав да се прикаже секој модел интересна simple шминка, но сепак впечатлива, па затоа се одлучивме на темни кармини и истакнати усни, кои дефинитивно даваат гламурозен изглед. Меѓу другото освен што си ја завршив мојата редовна работа, задоволство ми беше да застанам пред објективот на Сара, во уникатните парчиња на Евгенија – изјави Ангела.

Ангела Стојоска Ангела Стојоска

Во фотосесијата се претставени парчиња од нејзините досегашни студентски колекции.

-Меѓу  поспецифичните  креации  кои што на многумина им го свртуваат вниманието е   црниот блејзер кој го красат органски линии инспирирани од месојадните растенија – несекојдневна интересна тема што облагороди  неколку  мои креации. Блејзерот се најде  и на принтаната слика на платно , која што со асиметрични детали го заокружи црно-белото здолниште. Ова и здолништата во пастелна боја за прв пат ги претставив на изложбата во „Концепт 37“. На фотографиите се забележуваат асиметричните црно бели чанти и прстени инспирирани од кроевите од колекцијата Bianco. Таа истовремено е нежна и силна, составена од трендовски парчиња, елегантни фустани, молив-здолништа, блејзери. Целата колекција е бела, со детали во црна боја. Најзастапена е свилата која додава дополнителна елеганција на целата колекција – ни објасни дизајнерката.

Таа додаде дека целта на оваа соработка е да се создаде уникатна модна приказна.

-Целта е подигнување на свеста за новата улога на модните блогери во општеството и воедно светот на модата, како и промовирање на модните креации на Евгенија – дополнуваат блогерките од ДНА.

ДНА ДНА

- Сакам предизвици, нови лица, различни стилови ,  тимска работа. Знам да ги споделувам  успесите. Од моето претходно искуство во соработки со блогерки ја прифатив понудата без размислување. Во Скопје последните три години не сум често дома и тоа искрено ми недостасуваше. Посебно е чувството кога убавите нешта се споделуваат со пријателите и семејството. Заради тоа и произлезе идејата за едно неформално претставување на дел од моите колекции – истакнува Евгенија.

Со оглед на тоа дека е дел од регионалните модни и културни збиднувања, ја прашав младата дизајнерка како таа ја доживува домашната сцена, во однос со останатите:

-Она што ме импресионира и радува е што се чувствува расположението, повеќе кај помладите, дека не се плашат да бидат различни. Во повеќето држави мислам дека веќе одамна се кршат правилата. Експериментираат, сакаат да видат нешто различно и храбри се да носат нешто необично.  Ги подржуваат младите дизајнери во креативноста и начинот на нивно презентирање. Кај нас добро би било да  се организираат повеќе настани каде што дизајнерите ќе можат да ја покажат својата креативност.   Со тоа,сигурна сум дека во голема мерка би се подобрила модната сцена – вели Евгенија, која исто така потенцираше и на взаемната врска на луѓето од модниот свет и медиумите.

11

- Досега кај нас  сум се претставила со моите модели во два наврати, и тие што ја следат мојата работа од самиот почеток искрено ме поддржуваат. Оние пак што ме запознаваат за прв пат, на мое задоволство, се заинтересирани за моите дизајни и начинот на креирање.Покажаниот  медиумски интерес за дел од модните парчиња и детали ме исполнуваат и прават среќна, бидејки  за млад дизајнер ваквата поддршка навистина многу значи. Посебно сум благодарна на соработниците без кои што една ревија, изложба ,фото- сесија или интервју не би можела да се реализира.

Со оглед на тоа дека ни претстои пролетната сезона, неодминливо е и прашањето за тоа што ќе биде тренд оваа пролет:

-Волуменозни парчиња облека, складност во мешањето на стиловите, а сепак зачувување на личниот стил е секогаш „во мода“, вели Евгенија, која во моментов е посветена на дипломската работа, што ќе ја претстави во септември во Љубљана, а се надева потоа и во Скопје.

ДНА кои во следниот период ги очекуваат уште неколку едиторијали со македонски дизајнери, кај пролетните трендови се осврнуваат на обувките:

-Оваа пролет задолжително парче обувки се секако мокасинките кои се добра опција за дневна и вечерна варијанта, но во тренд ќе бидат и спортските патики со посмели бои и искомбинирани дури и со поелегантни парчиња. Во однос на гардеробата џинсот од "глава до пети" е сè уште „ин“ и ние како блогерки го практикуваме тој изглед, секако да биде склопен во границите на добриот вкус. Наша препорака е да бидете "похрабри" во комбинирањето на бои и парчиња и да си дозволите да избегате од "веќе виденото" .

10978561_940112969335287_7055352155522033320_n

А кога е во прашање шминката, советот на Ангела е да бидете едноставни:

-Дневниот изглед треба да е едноставен, light пудра, ненагласени очи и пастелни бои на кармини. Со вечерниот  make-up look може да се експериментира со впечатлива шминка,истакнати очи во комбинација со бордо,темно виолетов или неутрален кармин. Тука да нагласам дека се тренд црни усни и препорачувам очите да бидат потенцирани со туш и маскара.

Во продолжение погледнете ја целата фотосесија:

Фото: Сара Коцевска, „Зачувај момент“

2

3

4

5

6

7

8

9

10

12

Објавено:
4 март 2015
Категорија: 
Портфолио