Фузија од бои и креативна енергија, сплотеност на различни форми на дизајнот и една заедничка порака од младите креативци: надминување на стереотипите и еднакви права на жените, викендов во Младинскиот културен центар се одржа третиот по ред Базар на ракотворби во рамките на манифестацијата „Прво па женско“.
Во богатата програма на оваа иницијатив во организација на Tiiit! Inc покрај големиот број работилници, предавања, проекции, музички сетови и изложби, имавме можност да ги купиме и најоригиналните, рачно изработени подароци за нашите најсакани жени по повод нивниот празник 8-ми март.
Дел од учесниците на базарот беа: ATAMI, Em Ellephantski, Isnogood, BlackFox, Глигор Кузмановски, WizArt, LUDUS, Плетени колачиња, Just Because, M’Crafts, Windmillshop, Mei Ro, Илина Поповска, Damaja, Soro Jewelry, Ѓорѓе Јовановиќ, UrbanBehavior, Наде Димушевска.
Во продолжение преку фотографија ви пренесуваме каква беше атмосферата во МКЦ викендов.