Лукбук: фантазија од аксесоари потпишани од Улијана Сергеенко

11 март 2015

Реалноста во дизајнерскиот свет на Улијана Сергеенко е бајковита. Тоа го потврдила многупати до сега, во раскошните и „нереални“ кутур колекции. Во последната кутур линија на руската дизајнерка за пролет-лето 2015, аксесоарите се како пресликан момент од бајка.

Новиот лукбук специјално посветен на модните додатоци од оваа колекција, не’ уверува во тоа.

Она што е особено впечатливо се чантите во кружни форми украсени со интересни принтови и оние во форма на птици, како и висечките обетки во форма на меч со срциња.  Шапките пак се приказна за себе  и единствено за Улијана ги изработи познатиот дизајнер на шапки, Стивен Џонс.

 

 

Објавено:
11 март 2015
Категорија: 
Модни додатоци