Цветниот дезен последниве неколку сезони стана тренд кој се подразбира како стандард во летните аутфити. Кога цветниот принт ќе се синхронизира со едноставен долг фустан со нагласена половина и пуфкасти ракави, тогаш сигурно комбинацијата добива предзнак: романтична, особено кога ја носи Наталија Водијанова.  Топ моделот се појави на неделата на висока мода во Париз, на шоуто на Улијана Сергеенко во нејзина креација комбинирана со чевли потпишани од Луј Витон.

Објавено:
10 јули 2013
Категорија: 
Стајлинг на денот