Втора година по ред, прекрасната Наталиjа Водјанова угости некои од најголемите имиња во модата во рамки на лондонската модна недела на традиционалната хуманитарна вечера овој пат заедно со Карли Клос.

На хуманитарната вечера во Лондон, организирана од нејзината Naked Heart Foundation за само неколку часа биле собрани повеќе од 600.000 фунти.

Една од најпознатите сали за свечени настани во Лондон, Old Billingsgate Market, беше претворена во неверојатно луксузен простор со шармантни светилки каде гостите како Саша Лус, Сузи Менкес, Елена Перминова, Улијана Сергеенко и уште многу други, уживаа во пријатната атмосфера.

Саша Лус

Домаќинката и организаторка на настанот, Наталија Водјанова се појави во црвен кус Калвин Клајн фустан, а подеднакво прекрасна беше и нејзината соработничка Карли Клос која одбра црн костим со интересен цветен принт.

„Лондон е навистина забавен град, па сметав дека оваа карневалска атмосфера ќе нѐ потсети сите дека некогаш сме биле деца и дека целта за која ги собираме парите е навистина хумана. Ако сите се забавуваме вечерва, на тој начин ќе ја пренесеме забавата и на оние дечиња на кои навистина им е потребна“, изјави манекенката која долги години стои зад нејзината фондација преку која се собрани милиони за дечињата со посебни потреби.

Објавено:
22 февруари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
334 пати