Златна Лореал забава во Париз

4 октомври 2016

Во рамките на Модната недела во Париз, во недела вечер познатиот козметички бренд Лореал организираше луксузна коктел забава „Gold Obsession Party" на која присуствуваа голем дел од елитните гости што овие неколку денови се стационирани во градот на модата.

Како што упатува и самиот наслов, пропишаниот дрес код на забавата се однесуваше на комбинации во кои ќе доминира златната боја, што најголем дел од гостите и го испочитуваа.

Помеѓу звучните имиња беа и Наоми Кембел, Наташа Поли, Наталија Водјанова, Карли Клос, Ирина Шајк, Бјанка Балти и уште бројни други убавици.

 

Објавено:
4 октомври 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
420 пати