Гламур: Наталија Водјанова е Жена на годината

11 ноември 2014

Наталија Водјанова

Доделувањето на наградата за „Жена на годината“ во организација на магазинот „Гламур“, се одржа вчеравечер на Менхетен, во Carnegie Hall. Меѓу наградените беа Челси Клинтон, Лупита Нјонго, Лаврин Кокс, Сара Бартон, Саманта Пауер, Робин Робертс, Минди Кејлинг, Силвија Ерле и руската моделка, Наталија Водјанова.

-Наталија Водјанова е Жена на годината, затоа што таа никогаш не го заборава своето минато и нејзината сестра... Не постојат лимити во нејзината работа, а сепак успева да направи сè за нејзините деца да бидат добро и да не го почувствуваат нејзиното отсуство – вели Дајан фон Фурстенберг.

Џоди Фостер Џоди Фостер

Со својата појава вниманието го привлече и 51-годишната Џоди Фостер, појавувајќи се безвремен, црн фустан, што ја истакна нејзината одлична фигура.

Едни од највпечатливите на црвениот килим беа и Ангелите на Викторија, Карли Клос и Дауцен Крус. Нивниот избор беше исто така црната боја, но изборот на фустаните беше доволно добар да ги направи да блеснат. Карли Клос се одлучи за тоалета, со отвори во пределот на половината и длабоко деколте.

Карли Клос Карли Клос

Ништо помалку впечатлива не беше ни по завршувањето на манифестацијата, кога си замина во долг, бел, тесен фустан.

Карли Клос после манифестацијата

Изборот на Дауцен беше кус црн фустан до под колена, со мрежест дел во задниот дел, што го истакна сексапилот на моделката, која може да се пофали со неверојатно тело, после бременоста.

Дауцен Крус Дауцен Крус

Лупита Нјонго како и секогаш направи добра модна одлука, облекувајќи го белиот фустан на Шанел, со златни детали. Актерката воедно ја краси и насловната страна на специјалното издание на магазинот, посветено токму на оваа манифестација.

Лупита Нјонго

Во продолжение погледнете каков моден избор направија успешните жени во модниот и шоу-бизнис свет:

користени информации од : странски медиуми
Објавено:
11 ноември 2014
Категорија: 
Сцена