Дауцен Крус оди по стапките на Карли Клос
•
26 февруари 2015
Откако Карли Клос неодамна го најави своето заминување од „Ангелите“, истата одлука ја донесе и Дауцен Крус.
Како пренесува британското издание на магазинот Vogue, убавата Холанѓанка имала договор кој истекол уште кон крајот на 2014 година, а двете страни сега одлучија дека е најдобро да се разделат на пријателски начин.
Според зборовите на маркетинг директорот на Victoria’s Secret, Ед Разек, Дауцен добила одлична деловна понуда од Европа, која се косела со договорот на овој бренд, по што двете страни заклучиле дека е време моделката да ја продолжи кариерата во поинаков правец.