И на ѕвездите им требаат стилски совети

20 ноември 2014

Оваа година, дел од листата се: Лупита Нјонго, Лаверн Кокс, Челси Клинтон, Аријана Хуфингтон, Карли Клос и Шонда Рајмс. Тоа што овие познати личности оставаат печат со својата работа е причина да бидат светски познати и наградувани, но сепак интересно е да се знае кои се најдобрите стилски совети кои ги имаат добиено, пред да се појават на црвените килими.

 

Облечете се според телесната конституција. Запознајте се себеси. Ценете го своето тело и сакајте се такви какви што сте – Лаверн Кокс.

Не носете чевли со кои не можете да одите – Лупита Нјонго.

Не носете високи чевли! Ниските чевли со тап врв се во ред, но сепак доколку има уредник или новинар во Huffington Post кој носи број 41 и 42, ќе му ги дадам сите чевли – Аријана Хуфингтон.

Мојата мајка секогаш ми дели совети за убавината и стилот. Можеби најдобриот совет што ми го даде е да се чувствувам самоуверено во тоа што го носам, без разлика за какви парчиња станува збор – Карли Клос.

Мојата баба ме советуваше никогаш да не ги кубам веѓите. Јас сепак, минимално ги кубам веѓите и формата изгледа сосема во ред – Наталија Водјанова.

Не бидете мрзеливи и мијте го лицето навечер. Дури и да сте најуморни и да сакате веднаш да си легнете, прво одете до тоалетот, измијте го лицето и потоа легнете да спиете- Алана Хаим.

Секогаш вложувајте во себе. Секогаш! – Есте Хаим.

Преземено од Huffington Post
Објавено:
20 ноември 2014
Категорија: 
Сцена