Лупита Нјонго е нова модна икона
•
16 декември 2013
Лупита Нјонго во креација на Родарте
Лупита Нјонга има завршено студии на Универзитетот Јеил, а се прослави со улогата во филмот „12 Years a Slave’„ кој се базира на вистинска приказна за ропството во Америка. Но тоа што вистински привлекува внимание е изборот на нејзините аутфити за различните гала настани и премиери на кои се појавува.
Лупита Нјонго во креација на Шанел
Од нив посебно би ги издвоиле премиерите во Њу Орлеанс каде се појави во креација на Родарте, во Њујорк во класична Шанел креација и на последната премиера во Лос Анџелес каде блесна во креација на Миу Миу со интересен принт на птица.
Актерката во креација на Миу Миу