Бохо – носечки императив во пролетниот лукбук на Манго

13 март 2015

Манго девојката за оваа пролет е лежерна, опуштена и со слободен дух. Бохо стилот од 70-тите е носечката тема на новиот лукбук на шпанскиот бренд.

Лелеави фустани со етно мотиви, јакни изработени од велур, одлични модни додатоци како шешири и чанти со реси... Чевлите ја надополнуваат романтичната приказна на пролетната линија и повторно дишат во духот на 70-тите.

Манго веќе неколку сезони наназад успева во совршената синхронизација на деловниот елегантен стил,  удобниот спортски изглед и доминантниот романтичен-бохо имиџ.

 

Објавено:
13 март 2015
Категорија: 
Колекции