Лела Роуз пролет 2015: Женственоста во преден план

2 април 2015

А-линија, тантела, висок струк се трендовите што Лела Роуз ги пласира во својата пролетна колекција.

Идејата по која се водела е минимализмот во безвременското парче – кимоното. Токму затоа и некои од принтовите ќе ве потсетат токму на нејзината инспирација.

Цветните дезени и кроевите ја ставаат женственоста во преден план. Дел од моделите се од лелеави материјали, идеални за замислата на Лела за жената во пролет, додека оние од поцврст материјал, даваат скап и кралски израз на креациите.

Објавено:
2 април 2015
Категорија: 
Колекции