Дизајнерките од Marc by Marc Jacobs основаат нов бренд
•
2 април 2015
Откако гласините дека Marc by Marc Jacobs ќе се спои со брендот Marc Jacobs многумина се прашуваа што ќе се случи со двете дизајнерки, кои воедно беа и креативни директори Луела Бартли и Кејти Хилие.
Но, по сè изгледа, едната завршена приказна, за нив значи почеток на друга и ќе се вика Hillier Bartley.
Всушност, тоа ќе биде името на брендот кој што двете дизајнерки ќе го основаат. Долгогодишното искуство и заедничка работа на крајот ќе резултираат со парчиња од нивен сопствен бренд. Но, како пренесуваат странските медиуми, овие две имиња нема да престанат да соработуваат со Marc Jacobs.
Останува да почекаме и да го видиме резултатот од нивната нова модна приказна.