Богата понуда на производи во новиот Супер Тинекс на Јужен Булевар

8 април 2015

Со цел задоволување на сите потреби на потрошувачите на едно место, денеска се отвори 10 – тиот Супер Тинекс маркет во катната гаража на Јужен Булевар.

1058 Цветанка Христовска - Тинекс

Објектот се простира на 1.300 м2, а во него работат 46 лица и во истиот се соддржат сите оддели за современо пазарување на едно место, од свежо месо и риба, пиљара, пекара, деликатеси, па сѐ до стандарните програми на артикли чиј асортиман брои повеќе од 12.000 производи.

1054

Во новиот Супер Тинекс ќе најдете супер понуди и многу акции кои одлично ќе им послужат на граѓаните во пресрет на Велигденските празници.

1048

Станува збор за модерно изведен објект со современа и висококвалитетна опрема. Новина во маркетот и воопшто во Македонија, е понудата на суво зреено месо кое зрее во комората во склоп на маркетот и кое моментално е во фаза на зреење, а наскоро истото ќе биде достапно продажба.

1038

Воедно, просторот на маркетот го разубавува и веселиот детски агол, игротека која со голема љубов тимот на маркетот ја намени за најмладите посетители.

1056

На ист ден во оваа катна гаража се отвори и првиот од ланецот објекти „Tinex to go“, еден нов концепт на ресторани со самопослужување кои се одлично решение за краток одмор поради богатата понуда на кафе, свежо цедени сокови, ладни сендвичи, салати и слатки.

1057

Наскоро ќе се случи и отворањето на вториот „Tinex to go“, кој се наоѓа во населбата Аеродром, во склоп на Супер Тинекс Кончар.

1034

„Ги повикувам скопјани да не посетат во овој нов Супер Тинекс за да уживаат во пазарењето и задоволни да излезат од овде, затоа што секогаш за нас тоа е главната и најважна мотивација“, изјави денеска Цветанка Христовска бренд директор во Тинекс.

Објавено:
8 април 2015
Категорија: 
Актуел