Дизајнерите на Џеј Ло и Џоан Колинс на Serbia Fashion Week

16 април 2015

NASLOVNA-za-sajt

Од 21-ви до 27-ми април Нови Сад ќе се движи во моден ритам, а причината за тоа е Serbia Fashion Week.

Покрај домашните дизајнери Марина Миќановиќ, Василије Ковачев и Данијела Божиќ, Бата Спасојевиќ, Бошко Јаковљевиќ, Младен Миливојевиќ Барон и уште многу други пред српската публика ќе се претстават и повеќе дизајнери од странство, како и интернационални гости.

Марина Миќановиќ и Даниела Божиќ Марина Миќановиќ и Даниела Божиќ

Вниманието секако го привлекуваат Емерик Франсоа, официјалниот член на Федерација на Висока мода во Париз, потоа Озлем Суер од Турција, позната по тоа што креирала за Мег Рајан и Џенифер Лопез, дизајнерката  од Лондон, Елена Антониадес, која ги облекува Џилијан Андерсон, Мел Би, Џоан Колинс, Серена Вилијамс, Тамара Еклстон, а задолжена е за изгледот и на тенисерката Ана Ивановиќ.

Познати во креации на Елена Антониадес Познати во креации на Елена Антониадес

Во рамки на оваа модна манифестација, се предвидени и бројни културни манифестации, како и бесплатни едукативни семинари на различни теми : „Дигитални трендови, социјални мрежи и нивно користење во модната индустрија“, семинар за шминка, семинар за модна фотографија, кој ќе го одржи street-style фотографот и основачот на популарниот интернационален париски street-style блог, Набил Кенум...

Организаторите велат дека една од целите на манифестацијата е да со квалитетната и богата програма привлечат и посетители од Европа, па се очекува во периодот од 21-ви до 27-ми април Нови Сад да го посетат туристи од Белгија, Унгарија, Франција, Шведска, Шпанија, Велика Британија...

Набил Кенум Набил Кенум

Исто така, Serbia Fashion Week е организатор и на конкурсот за европски натпревар за млади дизајнери. Стручното жири, составено од претставници на Националната комора за мода на Србија и меѓународни стручњаци од модната индустрија од преку 100 пријавени, веќе ги избра полуфиналистите. Меѓу натпреварувачите се дизајнери од Црна Гора, Шпанија, Белорусија, Украина, Русија, Чешка, Полска, Италија, Холандија, Белгија, Словенија, Шведска, Ирска, Бугарија, Киргистан, Америка и Франција.

Финалето на конкурсот ќе биде на 25-ти април, а до тогаш, напреварувачите мораат да изработат и презентираат еден од моделите со кои се пријавиле на конкурост. Првите три места ги очекуваат вредни награди, како што е изложување на моделот и петте скици на Serbia Fashion Week. Дизајнерот што ќе го освои првото место, ќе има можност бесплатно да ја презентира својата колекција на најголемиот светски моден фестивал за млади таленти Fashion Clash во Холандија.

1908327_715520891897132_7883128199192360811_n

Како и досега, посетителите ќе имаат можност да го видат и досега најголемиот Show room, кога се бројот на изложувачи и купувачи во прашање. Поради успехот и одѕивот, Show room-от на есенското издание на Serbia Fashion Week ќе прерасне во Саем за мода Србија.

Инаку, Националната комора за мода на Србија, доби лиценца со посредство на European Fashion Council за одржување на национална недела на модата – Serbia Fashion Week.

Објавено:
16 април 2015
Категорија: 
Актуел