Сон на секоја девојка е покрај себе да има стилски маж со кого понекогаш ќе успее да ги совпадне своите комбинации. Нема ништо поубаво од стилска двојка која секогаш знае и има можности да направи кул стајлинзи на кои сите ќе се воодушевуваат.
Една таква двојка се прекрасните и талентирани Метју Меконахи и Камила Алвес кои секогаш пленат со својот изглед на црвениот килим.
Денеска, решивме да им посветиме малку повеќе внимание и да ги одбереме нивните најубави комбинации во кои некогаш се појавиле на јавни настани.
Бразилската манекенка и американскиот оскаровец се дефинитивно двојка за пример која секогаш знае како да се вклопи во стиловите. Таа е позната по нејзините исклучителни избори на дизајнерски фустани, а тој пак по совршено скроените костими на кои секогаш им додава малку од неговиот шарм.
Во галеријата подолу, погледнете некои од нивните најубави заеднички комбинации и инспирирајте се веќе за следната прослава со вашиот партнер.