„Theatra“ прославува четири години со поезијата на Искра Донева

27 април 2015

Денеска независниот театар Theatra го прославува својот четврти роденден. Оваа година, роденденската прослава ќе се разликува од изминатите три по тоа што датата на основањето на Theatra ќе биде комплетно посветена на Искра Донева, млада авторка која ќе ја презентира својата книга „Јас, принцеза од бајки“.

Под слоганот „гласен шепот“, вечерва со почеток во 20 часот во кафулето „Љубов“, настанот ќе биде одбележан со драмско читање на дел од песните на Искра.

Книгата „Јас, принцеза од бајки“ ќе биде достапна за продажба по цена од 150 денари, а сите средства од продажбата ќе бидат целосно наменети за лекување на авторката која има церебрална парализа.

Бидете дел од промоцијата на „Јас, принцеза од бајки“ и четвртиот роденден на Theatra!

27 април, 20ч, кафе „Љубов“. Да започнеме заедно искра надеж за Искра!

Објавено:
27 април 2015
Категорија: 
Култура