Запознајте се со официјалниот стилист на X Factor Adria

18 мај 2015

Вчеравечер започна највозбудливата фаза на регионалното музичко шоу X Factor Adria, емисиите во живо. Имавме можност да ги проследиме изведбите во живо на 12-те финалисти, а она што нам ни остави исклучителен впечаток беше нивниот професионално стилизиран изглед.

Глобалната слика за сценскиот имиџ на сите изведувачи, не беше далеку од она што го гледаме во рамките на светските стандарди. Младешки и впечатливи стилски комбинации доминираа на сцена што донесоа една свежа енергија и урбан правец на шоуто.

Заслужна за нивниот имиџ што беше компатибилен и со нивната возраст и со музичките теми е Вања Пантин која се потпишува како официјален стилист за овогодинешното издание на X Factor Adria.

Вања Пантин Вања Пантин

Сигурно се сеќавате и на минатогодишната водителка на шоуто Ана Грубин, која изгледаше одлично на сцена и исто така ги донесе светските стандарди кога е во прашање стилот на водечките лица на настан од ваков калибар, за што повторно пофалбите се на сметка на Вања Пантин.

Ана Грубин Ана Грубин

Препознатлива по својот модернистички и авангарден стилски израз, преку кој суптилно прави микс на различни стилски правци, Пантин е една од најангажираните и најпознатите српски стилистки.

Во моментов работи и како моден уредник на магазинот „Hello“,  а според фотографиите на нејзините профили на социјалните мрежи, може да забележиме дека постојано е активна како стилист во музичките спотови на познати имиња од регионот, а нејзин приоритет се модните едиторијали во кои се забележуваат нејзиниот талент и високоразвиени стилки сетила.

Новиот водителски пар Новиот водителски пар

Новиот водителски пар Новиот водителски пар

Во една прилика, во интервју за магазинот Wannabe, Пантин ќе каже дека ја инспирира работата на повеќе српски дизајнери меѓу кои и: Михано Момоса, Милица Опачиќ,  Марија Пауновиќ, Петра Косниќ,  додека од светската сцена нејзините симпатии ги освојуваат Бетси Џонсон, Шанел, како и Dsquared.

Во продолжение погледнете  дел од нејзиното професионално портфоило.

Објавено:
18 мај 2015
Категорија: 
Портфолио