Фото: Матурска забава на матурантите од „11 Октомври“
•
20 мај 2015
Вчера со пригодна забава и мал коктел, двете генрерации на матуранти и полуматуранти од Домот за деца без родители „11 Октомври“ ја прославија својата матура односно полуматура.
Пред присутните гости и пријатели, децата изведоа претстава со која испратија честитка до сите кои оваа година ја прославуваат својата матура и полуматура, но истовремено порачаа колку е значајно образованието во личниот прогрес на секоја личност.
Традиционално, девојчињата и оваа година за нивната матурска вечер ги дотера модната куќа Елена Лука, исполнувајќи ги нивните детски соништа и желбата да изгледаат совршено на оваа единствена вечер.
Во продолжение ви пренесуваме дел од амбиентот од вчерашната прослава.